Повик за надворешен експерт

0

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во рамките на проектот Привлекување на нови членови и нетипични вработувања објавува повик за ангажирање на надворешен експерт за изработка на Долгрочна стратегија за привлекување на нови членови и нетипични вработувања.

Што се очекува од надворешниот експерт:

Изработка на Долгорочна стратегија за привлекување на нови членови и нетипични вработувања која вклучува:

План за привлекување на нови членови

План за организирање на нетипични вработени

Идентификување на предизивиците за организирање на нетипичните вработени и изнаоѓање на решенија за имплементирање на интерни практики за зачленување на нетпичните вработени

Дефинирање на пристап за колективно преговарање за нетипичните вработени

Дефинирање на нови и подобрени услуги кои ги нуди синдикатот за своите членови

 

Потребни квалификации:

Завршено најмалку високо образование во област релевантна на повикот

Претходно искуство во областа и изработка на слични стратегии

Способност за тимска работа, добри комуникациски и организациски вештини

 

Начин на аплицирање (рок и потребни документи):

Сите заинтресирани кандидати треба да ги достават следните документи:

– Кратка биографија ( CV)

– Предлог методологија за работа

– Референци од претходно искуство

– Финансиска понуда

преку електронска пошта на contact@kss.mk  со назнака Понуда за изработка на стратегија

Рокот за доставување на апликациите е најдоцна до 15.02.2021 година. Рокот за изготвување на стратегијата ќе биде утвреден заедно со избраниот кандидат.

 

Со финансиска поддршка од проектот Зајканување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, а е финансиран од Европската Унија.

Сподели на социјални медиуми

Copyright kss.mk