25 Ноември – СВЕТСКИ ДЕН ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ

Како светки ден против насилство врз жените Конфедерација на слободни синдикати бара итно ратификување на Конвенцијата 190, која беше усвоена од страна на Меѓународната организација на труд.
Конвенцијата 190 се однесува на заштита на работниците од насилство и вознемирување на работно место. Конвенцијата се однесува на сите работници: работници со и без Договор за вработување, волонтери, практиканти како и баратели на работа, кои се жртва на насилство и вознемирување за време на работно место, за време на патување од и до работното место како и на сите места поврзани со работното место.
Појавата на пандемијата од корона вирусот (Ковид 19) предизвика зголемување на насилството и вознемирувањето како на работа, така и дома, па врз основа на тоа упатуваме на важноста од ратификување на оваа Конвенција.
ЗОШТО КОНВЕНЦИЈАТА 190 Е ВАЖНА?
1. Насилството и вознемирувањето на работното место не можат да се толерираат. 2. Ова е прв меѓународен стандард кој што има за цел да стави крај на насилството и вознемирувањето на работното место. 3. Секој има право на работа во пристојни услови без насилство и вознемирување. Ние веруваме дека оваа Конвенција може да ги промени животите! |