1. Home
  2. Новости
  3. ФОРМИРАЊЕ НА ЕВРОПСКИ РАБОТНИЧКИ СОВЕТИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР: Заклучоци од фазата на истражување

ФОРМИРАЊЕ НА ЕВРОПСКИ РАБОТНИЧКИ СОВЕТИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР: Заклучоци од фазата на истражување

ФОРМИРАЊЕ НА ЕВРОПСКИ РАБОТНИЧКИ СОВЕТИ  ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР: Заклучоци од фазата на истражување
0
87 ПРЕГЛЕДИ

На 6-ти и 7-ми Јули се одржа Меѓународен семинар во рамки на проектот, „Поддршка на јавниот секторот за основање и промовирање на ЕРС (Европски работнички совети)“, финансиран со средства од Европската Унија, чија цел е да го анализира учеството на работниците од јавниот сектор во транснационалната сфера преку формирање на европски работнички совети; како и да се идентификуваат недостатоците во функционирањето на комисиите кои се веќе конституирани за да се подобри нивната ефикасност.

Во проектот учествуваат претставници од Шпанија, Италија, Северна Македонија и Србија, под раководство на Фондацијата Антонио Бустаманте (Antonio Bustamante Foundation).

Тајмингот на овие дебати е многу соодветен бидејќи минатиот март Европскиот парламент (преку Резолуцијата од 02.03.2023 година) објави анализа на актуелната Директива 2009/38, со која се регулираат Европските работнички совети, преку која амализа се порачува до Европската комисија: ,,Подгответе нова рамковна директива за информирањето, консултациите и учеството на работниците во европските компании; со предлог за ревизија на Директивата 2009/38, најдоцна до 31.01.2024 година.”

На меѓународниот семинар беа презентирани заклучоците од истражувачката фаза спроведена од јануари до јуни 2023 година, преку анкети, интервјуа и десктоп анализи. Во рамки на истражувањето се анализираше ефикасноста на работата на постојните ЕРС (Европски работнички совети) и како тие можат да го подобрат учеството на претставниците од јавниот сектор. Резимето од добиените заклучоци е следното:

  • Постои голема коинциденција меѓу различните земји за тоа што е јавен сектор и како е организиран, асимилирајќи го концептот на ЕУ; иако се структурирани под различни организациски форми, Јавната администрација коегзистира со други институции со различни правни форми.
  • И системот за работни односи и колективното договарање се различни помеѓу земјите-членки и земјите кандидати.
  • Постои голем недостаток на знаење од страна на работниците за европските и националните регулативи за учество на работниците; а мнозинството сметаат дека оваа регулатива не се применува во јавниот сектор и иако е веќе усвоена, е неефикасна со тоа што не им се гарантира правото на работниците да учествуваат во одлучувањето на нивните работни места.
  • Мнозинството работници се обраќаат во нивниот синдикат за да ги решат своите проблеми и да соберат информации што ги сметаат за корисни или соодветни.
  • Мнозинството од работниците потврдуваат дека колективното договарање функционира и дека тоа е најефективниот инструмент за воспоставување на работните услови, кои генерално се сметаат за прифатливи, а тоа придонесува за зголемување на учеството на работниците. Сепак, се препознава дека јавниот сектор има регулаторни особености, подложностa на политичка моќ и буџетските ограничувања го отежнуваат колективното договарање.
  • Аспекти како што се наградување, пократок работен ден, поголемо внимание на здравјето и безбедноста при работа или поголем професионализам на работното место се потребите кои се идентификувани како најголеми потреби за кои треба подобрување.
  • Висок е процентот на луѓе кои се запознаени со постоењето на европски работнички совети и кои сметаат дека би било неопходно да се воспостави некаков транснационален информативен и консултативен систем во јавниот сектор во земјите од Европската Унија.
  • Формирањето на ЕРС или алтернативен информациски и консултативен систем би обезбедил елементи за поддршка на националните преговори и похомогени услови за вработување во рамките на ЕУ.

На овој меѓународен семинар се дискутираше и за можноста за формирање на Европски работнички совети во јавниот сектор или, доколку тоа не успее, да се бара алтернативен систем на информации и транснационални консултации што овозможува пристап до информации и добри практики што ги спроведуваат различните јавни сектори во Европската унија.

Анализирани се потешкотиите кои се јавуваат во смисла на структурата на јавниот сектор, како и законодавството за формирање на овие Европски Комитети; заклучувајќи дека единствената алтернатива што може да се размисли, во моментов, е да се создаде транснационален информациски систем во секторот за јавни услуги за сите земји-членки и кандидатки, преку развој на платформа за размена на структурирани и регулирани информации помеѓу земјите-членки и секторите на јавни услуги, за најдобрите практики за конкретни прашања, барајќи поголема видливост, знаење и искуства.

Партнерите на проектот се согласија да продолжат да работат во оваа линија, подготвувајќи ги потребните документи за анализа, предлози и препораки, да испратат до Европската комисија предлог за измена на Директивата 2009/38/EC која дозволува формирање на ЕРС (или воспоставување на алтернативен информациски систем) во рамките на јавните служби на различните земји-членки и кандидатки. Овие предлози ќе бидат анализирани и дебатирани на работилница што ќе се одржи во септември во Рим, Италија.