1. Home
  2. Новости
  3. ФИНАЛНА ПУБЛИКАЦИЈА И МИНИ ПРИРАЧНИЦИ ОД ПРОЕКТОТ: „Поддршка на Секторот за јавни услуги за воспоставување и промовирање Европски Работнички Совети (ЕРСи) – Supporting the Public Services Sector for Establishing and Promoting EWCs“

ФИНАЛНА ПУБЛИКАЦИЈА И МИНИ ПРИРАЧНИЦИ ОД ПРОЕКТОТ: „Поддршка на Секторот за јавни услуги за воспоставување и промовирање Европски Работнички Совети (ЕРСи) – Supporting the Public Services Sector for Establishing and Promoting EWCs“

ФИНАЛНА ПУБЛИКАЦИЈА И МИНИ ПРИРАЧНИЦИ ОД ПРОЕКТОТ: „Поддршка на Секторот за јавни услуги за воспоставување и промовирање Европски Работнички Совети (ЕРСи) – Supporting the Public Services Sector for Establishing and Promoting EWCs“
0
423 ПРЕГЛЕДИ

Во рамки на проектот „Поддршка на Секторот за јавни услуги за воспоставување и промовирање Европски Работнички Совети (ЕРСи) – Supporting the Public Services Sector for Establishing and Promoting EWCs“ беше изработена Конечна публикација на проектот: Основање и промоција на Европските Работнички Совети: учество на работниците од секторот за јавни услуги.

Главната цел на проектот беше да се подобрат процедурите за учество на вработените во секторот на јавните услуги за да се развие вистинско учество, да се формираат Европски Работнички Совети (ЕРС) и да се подобри ефикасноста на постоечките Европски Работнички Совети. Сето тоа се спроведува со анализа на причините за малиот број на ЕРС во комуналниот сектор и идентификување на недостатоците во функционирањето на постоечките.

За да се постигне оваа цел, партнерските организации на проектот (од Шпанија, Италија, Србија и Македонија) развија истражувачки процес со неколку фази на анализа кои завршија со низа заклучоци и предлози за подобрување и добри практики кои имаат за цел да овозможат поголемо учество на работниците во секторот за јавни услуги на транснационално ниво. Исто така, се вклучија и  подобрувањата што треба да се спроведат на национално ниво.

Помеѓу најзначајните заклучоци, поради нивната посебна импликација за учеството на работниците, како на национално така и на транснационално ниво, можеме да го истакнеме постоењето на високо ниво на непознавање од страна на работниците за нивните права за учество и жалењето дека сегашните регулативи не се многу ефикасни и не го гарантираат ова право. Понатаму, мнозинството потврдуваат дека колективното преговарање е најефективниот инструмент за воспоставување на услови за работа, преку колективни договори. Тие веруваат дека би било неопходно да се воспостави транснационален информациски и консултативен систем во секторот на јавните услуги, како алтернатива на Европските Работнички Совети. Тоа се должи на фактот дека сегашните европски регулативи не дозволуваат, ниту технички ниту законски, создавање на Европски Работнички Совети во областа на јавните услуги.

Поклопување на развојот на овој европски проект со Резолуцијата на Европскиот парламент од 2 февруари 2023 година со препораки за ревизија на Директивата на Европските Работнички Совети; нејзиниот повик за изработка на нова рамковна директива за информирање, консултации и учество на вработените во Европските компании и отворање на втората фаза на консултации со социјалните партнери иницирана од Европската комисија за можна ревизија на актуелната Директива 2009/38 за овие ЕРСи, ги наведе партнерите да се обратат до Европската комисија со серија предлози за подобрувања и добри практики за оваа нова Директива.

Така, во дебатата што се спроведе на Работилницата што се одржа во Рим на 19 и 20 септември оваа година, партнерите се согласија дека учеството на работниците преку системи за информации и консултации во националниот сектор за јавни услуги сè уште има многу простор за подобрување во многу земји. Процесите на колективно преговарање и/или социјален дијалог во оваа специфична област, исто така, треба дополнително да се развијат и помалку да се ограничуваат во нивното спроведување. Тие се инструменти кои ни овозможуваат да разменуваме информации за овие стратешки прашања кои ги засегаат сите држави, во глобализираниот свет, со сè поинтегрирана Европска Унија која зазема позиција со заеднички стратегии во услови на економски или здравствени кризи како оние со кои се имаме неодамна соочено.

Убедени дека учеството на работниците (преку нивните синдикати и претставници) е од суштинско значење за да се гарантираат работните и професионалните услови, како и социјалните, безбедноста и здравствената заштита на работниците, партнерските организации на проектот изготвија низа барања до Европската комисија за нивна проценка и вклучување во рамките на ревизијата на Директивата 2009/38, кои се во подоле наведени:

  • анализирање и зајакнување на имплементацијата на Европските Работнички Совети во секторот на јавните услуги, зајакнување на нивниот капацитет за дејствување и проширување на истите и за земјите кандидати за ЕУ;
  • дизајнирање на транснационален информациски систем за секторот на јавните услуги, како инструмент за учество на неговите работници, дефинирајќи ги, заедно со синдикатите и јавните менаџери, прашањата што треба да бидат предмет на оваа информација;
  • зајакнување и унапредување на употребата на националните и транснационалните информации, процедурите за консултации и колективно преговарање во секторот за јавни услуги во земјите-членки и земјите-кандидатки, обезбедувајќи дека тие ги добиваат потребните и целосните информации за да им се овозможи да постигнат договори во текот на постапката за консултации, и воспоставување на рамка на ефективни санкции за јавните менаџери во случај на сериозни повреди на правата на работниците за информирање и консултирање;
  • промовирање на рамка за колективно преговарање во секторот на јавните услуги, за Европската Унија како целина, која ги отстранува сегашните ограничувања во овој сектор и овозможува опсегот на овие преговори да се прошири на сите работни и професионални услови;
  • промовирање, во согласност со Стратешката рамка на ЕУ за здравје и безбедност при работа 2021-2027 година, изготвување Директива за заштита од психосоцијални ризици и борба против насилство, вознемирување или дискриминација на работното место во секторот за јавни услуги, да се прошири на земјите-членки и земјите-кандидати, воспоставувајќи транснационални акции за развој на програма за поддршка на работниците кои страдаат од психосоцијални ризици.

Конечно, партнерските организации на овој проект, финансирани преку Европски фондови, упатија писмо до Комисијата, барајќи континуитет на Проектот со цел, меѓу другите активности, да се следи развојот на ревизијата на Директивата 2009/38 за Европски Работнички Совети и новите услови за нејзина имплементација и транснационалниот информациски систем за секторот на јавните услуги во земјите-членки и земјите-кандидати.

 Како дел од проектот беа израбтени и два мини прирачници:

  • Мини прирачник 1: Создавање на Европски Работнички Совети во директивата 2009/38/ЕС: Кон подобро учество на работниците во компанијата
  • Мини прирачник 2: Создавање на транснационален информациски систем за работниците во секторот за јавни услуги