1. Home
  2. Новости
  3. Уште еден работник загина на работно место

Уште еден работник загина на работно место

Уште еден работник загина на работно место
0
205 ПРЕГЛЕДИ

Ситуацијата станува алармантна oткако од медиумите дознаваме дека уште еден работник, вработен во фирма, изведувајќи работи на зградата на ФФМ, го изгуби животот, а пред само неколку дена двајца работници го изгубија животот на работно место.

Работодавачите треба сериозно да пристапaт кон заштита на здравјето и безбедноста на работниците, а институциите да работат на терен и да укажуваат на неправилностите.

Македонската легислатива по однос на Законот за безбедност и здравје при работа е во процес на усогласување со европската легислатива и треба да подлежи на измени за да може Законот за безбедност и здравје при работа да биде применлив во пракса, бидејќи несреќите на работно место постојано растат.

КСС уште еднаш потсетува дека работи на кампања за подигање на свеста на работниците и работодавачите за важноста на здравјето и безбедноста при работа, се со цел вакви несреќи повеќе да не се случуваат.