1. Home
  2. Новости
  3. СУТ дава потполна поддршка на генералниот штрајк на СОНК

СУТ дава потполна поддршка на генералниот штрајк на СОНК

СУТ дава потполна поддршка на генералниот штрајк на СОНК
0
102 ПРЕГЛЕДИ

Синдикатот за угостителство и туризам на Македонија – СУТ дава целосна и
недвосмислена поддршка на генералниот штрајк на СОНК.
Штрајкот е легитимно синдикално средство коешто секој синдикат има право да го
искористи доколку има потреба за тоа. Нашите колеги од СОНК и нивното членство се
крајно револтирани од немањето на слух од страна на државата, па оттаму имаат целосно
право да го искористат ова средство за постигнување на целта кое е пропишано во
Законот за работни односи.
Им порачуваме на вработените во основно, средно образование и градинките да не
подлегнуваат на притисоците и да бидат истрајни во остварувањето на нивните барања, за
кои имаат наша потполна поддршка.
Наставно – воспитниот кадар игра клучна улога за тоа какви луѓе ќе бидат нашите деца
кога ќе пораснат, па поради тоа заслужуваат да им бидат почитувани правата од работен
однос. Сегашната ситуација со порамнувањето на платите се повеќе предизвикува
незадоволство кај нив, што никако не е добро за нашето општество.
До родителите би апелирале да бидат трпеливи и солидарни со вработените коишто ќе
штрајкуваат.
Со тоа што Владата не ги исполнува барањата, за коишто е законски обврзана тоа да го
направи, на работодавачите од приватниот сектор им дава повод и тие да ги прекршуваат
работничките права.