СТВ: Поддршка за протестот на КСС за да престане прекршувањето на законите, колективните договори и меѓународните конвенции
Синдикатот за транспорт и врски дава целосна поддршка и се приклучува кон протестот на КСС закажан за во четврток.
Борбата за унапредување на работничките права станува се потешка и посурова, а за тоа се доказ отказите на синдикалните лидери во јавниот сектор, меѓу кои е и Претседателот на СТВ, поради синдикално делување и организирање. Бројните притисоци и понижувања на синдикатот од страна на актуелната Влада и невклучувањето во социјалниот дијалог.
Партнерството и социјалниот дијалог во изминатиот период како и да не постојат. Законот за работни односи, Колективните договори и ратификуваните меѓународни конвенции на Меѓународната организација на трудот воопшто не се почитуваат и ниту применуваат од страна на државата. Синдикализмот во Македонија е сведен на ниско ниво, а синдикалецот не се цени како претставник на вработените.
Поради ниското ниво на социјалниот дијалог и партнерство и прекршувањата на Законите, Колективните договори и конвенциите на МОТ, како грански синдикат се приклучуваат на протестот. Воедно ги повикуваат и нивните членови да се приклучат на протестот, за да покажат солидарност и заедно да го изразат незадоволството на работниците кое тлее во изминатиот период.