1. Home
  2. Новости
  3. ССКО дава безрезервна поддршка на штрајкот на СОНК

ССКО дава безрезервна поддршка на штрајкот на СОНК

ССКО дава безрезервна поддршка на штрајкот на СОНК
0
259 ПРЕГЛЕДИ

Синдикатот на станбено – деловните, комунални, локално – самоуправни,
водостопански, хотелиерство и угостителство и радиодифузни организации на Р.М.
безрезервно го поддржува најавениот генерален штрајк на братскиот синдикат СОНК.
Вработените во основното, средното училиште и градинките ги заслужуваат правата
коишто им следуваат согласно законите и Колективните договори, па оттаму Владата е
обврзана да им ги овозможи.
Порамнувањето на платите во овие дејности преставува еден сериозен проблем кој
силно ги демотивира оние коишто треба да ги образуваат и воспитуваат нашите деца, што во
ниеден случај не носи добро за Македонија, ниту за нејзината иднина. Затоа Владата треба да
покаже слух за барањата и истите да ги исполни.
Напоменуваме дека усогласувањето на минималната плата со колективните договори е
законска обврска на Владата. Со самото тоа што не ја почитува, таа директно ги прекршува
законите и дава лош пример на работодавачите од приватниот сектор.
Целосно го поддржуваме штрајкот на СОНК, кој како и секој синдикат има право
преку преземање на радикални синдикални чекори да ги заштити правата на своите членови.
На родителите им порачуваме да покажат разбирање и да бидат солидарни со воспитно –
образовните работници кои стапуваат во штрајк.