Ние како Самостоен Синдикат на работниците од Енергетика, Рударство и Индустрија – ССЕРИ на Македонија недвосмиспесно и безрезевно ја даваме нашата поддршка за генералниот штрајк на Синдикатот на Образование, Наука и Култура – СОНК на Македонија.
Во целост ги подржуваме заложбите на СОНК во остварување на своите права, со зголемување на платите на просветните работници и усогласување на платите со порастот на минималната плата во Македонија.
Со порамнувањето на платите во дејностите образование, нука и куптура направена е голема неправда кон просветните работници и истите се демотивирани за извршување на своите работни обврски, а сите добро знаеме дека нивната работа е ВОСПИТУВАЊЕ НА НАШИТЕ ДЕЦА.
Поради наведеното повикуваме на разумност од страна на Владата и исполнување на барањата на СОНК
Напоменувамедека усогласувањето на минималната плата со колективните договори е законска обврска на Владата. Со самото тоа што не ја почитува, таа директно ги прекршува законите и дава лош пример на работодавачите од приватниот секто.