1. Home
  2. Новости
  3. Средба на Националниот економско-социјален совет и локалните економско-социјални совети

Средба на Националниот економско-социјален совет и локалните економско-социјални совети

Средба на Националниот економско-социјален совет и локалните економско-социјални совети
0
423 ПРЕГЛЕДИ

Во рамките на проектот “Унапредување на социјалниот дијалог” чии што активности се насочени кон зајакнување на капацитетите на националниот и локалните економско-социјални совети, беше организирана средба на националниот економско-социјален совет  со локалните економско-социјални совети која се одржа на 7ми март во х.Арка во Скопје.

Со цел да се воспостави поголема соработка меѓу овие економско-социјални совети беа направени анализи за теми кои се од нивен интерес и тоа:

  1. Проценка на македонскиот пензиски систем
  2. Следење на ефектите од минималната плата
  3. Ефектите од персоналниот данок и придонесите од плата
  4. Можност за воспоставување фонд за унапредување на социјалниот дијалог во земјата

По направеното резиме на овие анализи и донесените заклучоци врз основа на дискусијата  се формулираа препораки и предлог политики кои треба да се применуваат во иднина.

Исто така се констатираше дека овие анализи се добра основа за понатамошното функционирање на ЕСС и дека се од важност за социјалниот дијалог.

Оваа средба е организирана од страна на проектот “Унапредување на социјалниот дијалог” кој го финансира Европската унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.