1. Home
  2. Новости
  3. Социјалната криза на прагот доколку се продолжи со популизам

Социјалната криза на прагот доколку се продолжи со популизам

Социјалната криза на прагот доколку се продолжи со популизам
0
479 ПРЕГЛЕДИ

КСС го објавува ова соопштение со цел да ја разјасниме ситуацијата во јавниот сектор, целосно, со сите вистини и да поставиме неколку прашања до лидерот на СДСМ, до Министерот за информатичко општество и администрација, како и да упатиме апел до Владата да носи разумни одлуки.

Пред се, за да биде сликата целосна, кратко ќе се навратиме во 2018 година кога за прв пат се објави идејата за трансфер од јавен во приватен сектор и зошто ние бевме против, особено на почетокот на оваа година со отпочнување на изборниот циклус.

КСС одлучи јавно и транспарентно да истакне податоци кои што ќе ја дадат целосната слика на вработените во јавниот сектор и ќе објасниме зошто се  спротивставуваме на кратењето на платите и секако на трансферот од јавен во приватен сектор.

Според наши неофицијални податоци затоа што за истите има недостаток од објавување и транспарентност од страна на влaдините институции, во последните две години, во јавната администрација се запослени 14 000 нововработени на определено време, со објаснување заради зголемен обем на работа. Понатаму, преку агенциите за привремено вработување имаме запослено над 10 000 нововработени, исто како причина зголемен обем на работа со што впрочем и во месец јануари имавме преку 65 нови договори од страна на институциите за ангажирање на работници од агенциите за привремено вработување. Оттука произлегуваат неколку прашања кои што сакаме да ги поставиме.

Прво, дали оваа бројка се поклопува со бројката за која треба да се намали јавниот сектор?

Второ, во услови на пандемија и економска криза, каде што повеќето вработени седат дома и е намален обемот на работа за сите институции, дали е основано и законски да продолжат договорите на определено време и договорите со агенциите за привремено вработување по основ на зголемен обем на работа?

Понатаму, знаеме дека според Регистарот имаме 1314 институции на кои што Владата има именувано директори и нивни заменици, а во одредени и државни секретари, па оваа бројка достигнува околу 3 000  именувани и избрани лица кои што во просек заедно со платите и придонесите и нивните потреби за материјални трошоци имаат минимум месечни трошења од 3 000 евра по функционер. На ова ќе ги додадеме и избраните функционери во управните и надзорните одбори на институциите кои што се со минимум примања од 10 000 денари месечно и заедно со пратениците доаѓаме до бројка од 5 000 функционери. Предлагаме да се намалат платите на сите именувани и избрани лица и секако да се сопре исплатата на надоместок за учество во надзорни и управни одбори.

Како трето, имаме легитимно право да прашаме колку средства ќе се заштедат ако се почитуваат законите, заради намалениот обем на работа сопрат договорите, дел на определено, дел преку агенциите за привремено вработување, ако се намалат платите на избраните и именуваните лица и ако сопрат надоместоците за учество во управен и надзорен одбор?

Нашите пресметки велат дека ќе се заштедат многу повеќе пари за разлика ако ги скратите платите во јавната администрација на 14 500 денари, а воедно ќе се намали администрацијата во рамките на нормално функционирање и ќе нема потреба за трансфер од јавен во приватен сектор.

Четврто, прашуваме зошто се форсираше толку трансферот од јавен во приватен сектор кога знаеме колку вработени има на определено време и преку агенции за привремено вработување заради зголемен обем на работа, или требаше да се направи место за да се вработат сите овие работници во јавниот сектор кои што се примени во последните две години, а особено, голем дел и од почетокот на оваа година во време на техничка влада?

Па оттука во контекст на ова прашање упатуваме дополнително до лидерот на СДСМ и Министерот за информатичко општество и администрација од каде толкава храброст и дрскост да посегнат по нашата егзистенција ако се признае дека овие податоци се точни, или водилка на нивните предложени мерки е само популизам?

Исто така, како петто, ја прашуваме Владата од причини што добиваме секојдневни информации за отпуштање во реалниот сектор да излезат со точен податок колку лица се одјавени во Агенцијата за вработување, во последниот месец?

Со кратењето на овие средства ќе може да се помогне и на стопанството, но секако повторно ќе напоменеме да се формира солидарен фонд каде што сите што добиле откази заради настанатата криза ќе добиваат одреден недоместок се со цел и тие да можат да опстанат во овие тешки времиња.

Почитувани,

Бараме Владата да изнесе транспарентни и точни одговори за нашите прашања и воедно ги повикуваме да носат разумни одлуки со цел зачувување на достоинството и егзистенцијата на вработените во јавниот сектор, да се избегне социјален проблем кој што без сомнеж ќе направи социјална криза доколку посегнете по вакви мерки.

Понатаму, бараме консултација со синдикатите и заеднички да изнајдеме решение во време на ваква криза со што би се сочувал социјалниот мир. Во спротивно, КСС Ве предупредува дека ќе преземе легитимни радикални чекори и ќе пружи отпор во рамките на законските можности.

The social crisis on the threshold if populism continues

The social crisis on the threshold if populism continues
0
0 ПРЕГЛЕДИ

KSS is releasing this statement in order to clarify the situation in the public sector, fully, with all the facts, and to ask a few questions to the SDSM leader, to the Minister of Information Society and Administration, and to appeal to the Government to make rational decisions.

Above all, in order to have clear picture, we will briefly return to 2018 when the idea of a public-sector transfer was first announced and why we were against it, especially at the beginning of this year with the start of the election cycle.

KSS has decided to publicly and transparently highlight data that will give a complete picture of public sector employees and explain why we oppose the pay cuts and of course the transfer from the public to the private sector.

According to our unofficial data, because lack transparency by the government institutions, in the last two years 14 000 new full-time employees have been employed in the public administration, with an explanation for the increased workload. Furthermore, through the temporary employment agencies there are hired over 10,000 new employees, just as a reason for the increased workload, and in fact in January we had over 65 new contracts by the institutions for hiring workers from the temporary employment agencies. Here are some questions we want to ask.

First, does this figure coincide with the figure for which the public sector should be reduced?

Second, in a time of pandemic and economic crisis, where most employees sit at home and have reduced workloads for all institutions, is it reasonable and lawful to extend fixed-term contracts and contracts with temporary employment agencies on the basis of increased volumes of workloads?

Further, we know that according to the Register we have 1314 institutions to which the Government has appointed directors and their deputies, and in certain secretaries of state, so this number reaches around 3,000 appointed and elected persons who on average together with their salaries and contributions and their needs for material expenses they have a minimum monthly expenditure of EUR 3 000 per official. We will add to this the elected officials in the management and supervisory boards of the institutions which have a minimum income of 10 000 denars per month and together with the MPs we reach the number of 5 000 officials. We propose to reduce the salaries of all appointees and elected officials and of course to halt the payment of fees for participation in supervisory and management boards.

Thirdly, we have a legitimate right to ask how much money will be saved if laws are respected, because of reduced workload, if contracts terminate, some of the part-time contracts, and some of the employment agencies contracts, to be reduced salaries of elected and appointed people, and if benefits stopped to the appointed people in management boards and supervisory boards?

Our calculations say that they will save a lot more money if they cut public administration salaries to 14 500 denars, while reducing the administration within normal operation and there will be no need to transfer from the public to the private sector.

Fourthly, we ask why the transfer from the public to the private sector was so forced when we know how many part-time employees and employees from the temporary employment agencies are, due to increased workload, or was just a making place to hire all these public sector workers who have been employed in the last two years, and in particular, much of it since the beginning of this year under the technical government?

Hence, in the context of this issue, we further refer to the SDSM leader and the Minister of Information Society and Administration from where so much courage and audacity to reach our existence if these data are acknowledged to be accurate, or the guide of their proposed measures is merely populism?

Also, as the fifth, we ask the Government for the reason that we receive daily real-time information about firing in the real sector, how many fired people have been registered with the Employment Agency in the last month?

Cutting these funds will help the economy as well, but we will again mention the creation of a solidarity fund where everyone who has been fired because of the crisis will receive some compensation so they can survive in these difficult times.

We urge the government to provide transparent and accurate answers to our questions and urge them to make stable decisions in order to preserve the dignity and livelihood of public sector employees, to avoid a social problem that will undoubtedly cause a social crisis if you take such measures.

Furthermore, we ask for consultation with the trade unions and jointly finding a solution in times of such crisis that will preserve social peace. Otherwise, KSS warns that we will take legitimate radical steps and we will resist within the legal framework.