1. Home
  2. News
  3. Соработка на КСС со хрватските и црногорските синдикати за заштита на правата на сезонските и мигрантските работници

Соработка на КСС со хрватските и црногорските синдикати за заштита на правата на сезонските и мигрантските работници

Соработка на КСС со хрватските и црногорските синдикати за заштита на правата на сезонските и мигрантските работници
0
546 ПРЕГЛЕДИ

The Confederation of Free Trade Unions of Macedonia, the Union of Autonomous Trade Unions of Croatia (SSSH) and the Union of Free Trade Unions of Montenegro (USSCG) signed a Memorandum of Understanding on trilateral cross-border cooperation to protect and promote the rights of seasonal workers in Croatia, Montenegro and Macedonia.

The signing of the Memorandum is a concretization and continuation of the long-term cooperation of the trade unions at regional and international level, primarily within the Regional Trade Union Council “Solidarity”, among whose founders are these three union headquarters.

The initiative to sign the Memorandum came from the Confederation of Free Trade Unions of Macedonia, led by the large outflow of labor from Macedonia, especially seasonal workers who go to work in Montenegro and Croatia, mainly in the tourism and hospitality sector.

The Federation of Independent Trade Unions of Croatia (SSSH) and the Union of Free Trade Unions of Montenegro (USSCG) are aware of the need to protect the rights of migrants and seasonal workers, but also to prevent “dumping” of workers and the social rights of their domestic workers, and in their union action protect the interests of both foreign workers, as well as domestic workers sent to work abroad and domestic seasonal workers. By signing the Memorandum, the signatory unions additionally strive for the promotion and protection of the rights of migrants and seasonal workers.

The Memorandum of Cooperation aims to encourage cooperation between trade unions and to facilitate relations and joint action on workers’ rights, and in particular to facilitate joint activities to protect the labor rights of migrants and seasonal workers and to promote dignified working conditions and fight against “social dumping”. Trade unions will make special efforts to organize and join seasonal workers and migrants, in order to ensure adequate protection of their rights, including rights information and other information relevant to work and residence during seasonal / migrant work in one of the the three countries, by providing free legal aid for the protection of workers’ rights, which includes legal advice and judicial protection, as well as mediation and mediation with employers on all issues relevant to their employment – legal and social status, mediation with relevant institutions and the establishment contact with the union from which they come.

Link to the full text of the Memorandum of Understanding

Соработка на КСС со хрватските и црногорските синдикати за заштита на правата на сезонските и мигрантските работници

Соработка на КСС со хрватските и црногорските синдикати за заштита на правата на сезонските и мигрантските работници
0
0 ПРЕГЛЕДИ

Синдикалните централи Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска (SSSH) и Унијата на слободни синдикати на Црна Гора (USSCG) потпишаа Меморандум за разбирање за трилатерална прекугранична соработка со цел заштита и унапредување на правата на сезонските и мигрантските работници во Хрватска, Црна Гора и Македонија.

Потпишувањето на Меморандумот е  конкретизација и продолжување на долгогодишната соработка на синдикатите на регионално и меѓународно ниво, пред се во рамките на Регионалниот синдикален совет „Солидарност“, меѓу чии основачи се и овие три синдикални централи.

Иницијативата за потпишување на Меморандумот произлезе од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, водена од големиот одлив на работна сила од Македонија, особено на сезонските работници кои одат на работа во Црна Гора и Хрватска, главно во секторот туризам и угостителство. Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска (SSSH) и Унијата на слободни синдикати на Црна Гора (USSCG) свесни се за потребата од заштита на правата на мигрантите и сезонските работници, но исто така и за спречување на “дампингот” на работниците и социјалните права на нивните домашни работници, а во своето синдикално делување ги штитат интересите и на странските работници, како и на домашните работници испратени на работа во странство и на домашните сезонски работници. Со потпишување на Меморандумот, синдикатите потписнички дополнително се залагаат за унапредување и заштита на правата на мигрантите и сезонските работници.

Меморандумот за соработка има за цел да ја поттикне соработката меѓу синдикатите и да ги олесни односите и заедничкото делување за правата на работниците, а особено да ги олесни заедничките активности за заштита на работничките права на мигрантите и сезонските работници и да промовира достоинствени услови за работа и борба против “социјалниот дампинг” . Синдикатите ќе направат посебни напори за организирање и зачленување на сезонски работници и мигранти, со цел да им се обезбеди соодветна заштита на нивните права, вклучително и информации за правата и други информации релевантни за работата и престојот за време на сезонска / мигрантска работа во една од трите земји, преку обезбедување бесплатна правна помош за заштита на работничките права, што вклучува правно советување и судска заштита, како и медијација и посредување со работодавачите за сите прашања кои се важни за нивниот работно – правен и социјален статус, медијација со надлежните институции и воспоставување контакт со синдикатот од кој што доаѓаат.

Линк до целсниот текст на Меморандумот за разбирање