здравје при работа – 28 Април го одбележува со онлјан кампања која ја води на социјалните мрежи и се приклучи на глобалното синдикално движење за утврдување на безбедноста и здравјето при работа како темелно право. И оваа година 28 Април ќе го одбележиме во услови на пандемија, која за жал одзема многу животи, а дел од нив се и работници кои животот го загубија како последица од овој вирус кој го добија и на своите работни места. Пандемијата ни покажа колку е важна безбедноста и здравјето на работниците и населението во целост.
КСС уште од почетокот на пандемијата сериозно го сфати новиот предизвик со кој се соочуваме и континуирано укажува и бара итно да се изнајдат решенија за надминување на ваквите состојби и е загрижена за здравствената состојба на работниците во Македонија и негрижата на надлежните институции за работничките права. Пандемијата ги допре речиси сите аспекти од светот на работата. Неочекувано мораше да се смени начинот на работа на многу работници и да се воведат нови форми на работен ангажман на работниците, како што е работа од далечина, што исто така претставува потенцијален ризик за безбедноста и здравјето на работните места, односно допрва ќе се согледуваат психо-социјалните ризици.
Во изминатата година, многу пати укажавме дека согласно Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје на вработени изложени на биолошки штетности САРС-КоВ-2 е запишан како корона вирус од фамилија “coronaviridae”, што е во согласност со дополнувањето на Европската Директива за биолошки агенси и заштита на работниците од ризици. За вирусите од фамилијата “coronaviridae” имаме утврдено безбедносно ниво 2 (два) исто како и европското законодавство, а работодавачите согласно Законот за Безбедност и здравје при работа се должни да ажурираат проценка на ризик на работно место со изјава за безбедност. Секое заболување на работното место од Ковид-19 се смета за повреда на работно место и се исплаќа 100% боледување, согласно член 39 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Во овие случаи поради спречување на ширењето на заразната болест, за сите вработени, за привремена спреченост на работа, односно кога е издадено решение за самоизолација, треба да се исплаќа 100% плата.
Мораме да истакнеме дека во Македонија постои Совет за безбедност и здравје при работа, но денеска бевме сведоци дека тој Совет кој што требаше да биде активен во цел овој период изнесува невистини од страна на членови и од службени лица кои се членови на тој Совет, пред се Директорот на Државниот инспекторат за труд, дека секојдневно на терен ги спроведувале законите и ги штителе работничките права. Истото го слушнавме и од подобните социјални партнери, но ние како синдикат не добивме можност да ги искажеме нашите согледувања. Па, оттука прашуваме: Дали е ова функционирање на социјалниот дијалог и социјалното партнерство и заштита на работничките права преку спроведување на законите или е се парада и циркузијада, а работникот страда?
Од искуствата и лекциите кои ги научивме од пандемијата, во следниот период сите релевантни чинители во општеството треба да се фокусираат на стратегии за зајакнување на националните системи за безбедност и здравје при работа се со цел да можеме многу полесно да се снаоѓаме во услови на кризи, сега и во иднина.
КСС ги повикува сите надлежни институции да го почитуваат и спроведуваат законот, за безбедност и здравје при работа, со цел тој закон да функционира и во пракса, а не само на харија, а надлежните институции да стават крај на уништувањето на работникот и неговите права со било какви Уредби и Заклучоци, со кои се суспендира Законот за безбедност и здравје при работа, на и онака осиромаштениот работник кој погоден од оваа здравствена, економска и социјална криза не може да си дозволи квалитетно и целосно лекување. ДОСТА Е ПРЕТЕРАВТЕ!