1. Home
  2. Новости
  3. Се одбележува Светскиот ден против насилството врз жените

Се одбележува Светскиот ден против насилството врз жените

Се одбележува Светскиот ден против насилството врз жените
0
831 ПРЕГЛЕДИ

Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените е воспоставен на првиот состанок на феминистките од Јужна Америка и Кариби во 1981 година во Богота, кога за првпат жените отворено зборуваа за семејното насилство, силувањето и сексуланото злоставување. 25 ноември е избран како ден на сеќавање на сестрите Мирабел – Патрија, Минерва и Марија Тереза, кои беа брутално убиени од диктаторот Рафаел Трујило во Доминиканска Република во 1960 година. Генералното собрание на Обединетите Нации во 1999 година официјално го потврди 25 ноември за Меѓународен ден за борба против насилство врз жените.

Европската конфедерација на синдикати со официјално писмо се упати до Претседателката на Европската Комисија барајќи да се вложат поголеми напори за целосно елиминирање на насилството на жената. Во писмото се вели дека насилството врз жените не запира на прагот на домот на жената. Физичкото или психолошкото насилство врз жените, исто така, се случува на работното место, без оглед на секторот во кој работат жените, нивната професија или ниво на образование.

Синдикатите и работодавачите играат важна улога во спречувањето на насилството против жени на работа, поставување соодветни процедури за пријавување и евидентирање на насилство вознемирување на работа, поддршка на жртвите и справување со сторителите. Сè повеќе насилството и вознемирувањето се конкретно опфаќааат со колективни договори низ цела Европа.

Истанбулската конвенција е првиот сеопфатен инструмент на европско ниво кој се однесува на насилството врз жените. Ратификацијата на Конвенцијата подразбира низа обврски за владите што ја имаат ратификувано, да преземат конкретни чекори за спречување на сите форми на насилство врз жените: од демнење и сексуално вознемирување до домашно насилство, принуден брак и женска генитална мутилација. Македонија ја ратификуваше Истанбулската конвенција на  22 декември минатата година, а нејзината имплементација останува да биде голем предизвик за државата.

КСС како и секогаш, се залага за потполна родова еднаквост и елиминирање на сите форми на насилство на жената вклучувајќи го домашното насилство, но не го занемарува ниту насилството на жената на работното место и смета дека неговото елиминирање претставува голем предизвик за сите засеганати страни.