1. Home
  2. Новости
  3. САДУ со поддршка на штрајкот на СОНК – „И вработените во училиштата и градинките се родители чиишто семејства треба да имаат пристоен живот“

САДУ со поддршка на штрајкот на СОНК – „И вработените во училиштата и градинките се родители чиишто семејства треба да имаат пристоен живот“

САДУ со поддршка на штрајкот на СОНК – „И вработените во училиштата и градинките се родители чиишто семејства треба да имаат пристоен живот“
0
304 ПРЕГЛЕДИ

Синдикатот на администрацијата и државната управа на Македонија – САДУ
безрезервно го поддржува генералниот штрајк на братскиот синдикат СОНК.
Вработените во основното, средното образование и детските градинки се една од
најважните алки во нашата државата, бидејќи нивна задача е да ги образуваат и
воспитуваат нашите деца најдобро што може. Сепак, непочитувањето и
неисполнувањето на правата коишто законски им следуваат од страна на Владата,
силно ги демотивира да ги извршуваат посветено своите работни задачи. Впрочем,
вработените во образованието и детските градинки имаат најниски плати во регионот,
да не зборуваме за пошироко.
Од друга страна, неусогласувањето на колективните договори со растот на
минималната плата во претходните четири години предизвика да има големо
порамнување на платите на различни работни позиции кои имаат различен коефициент
на сложеност, што никако не е прифатливо, ниту пак е законски и е спротивно на
конвенциите на Меѓународната организација на трудот кои Македонија ги има
ратификувано.
Ние како братски синдикат на СОНК потполно ги поддржуваме нивните барања и
испраќаме апел до родителите да покажат солидарност и разбирање и да го земат во
предвид тоа дека и овие вработени се родители чиишто семејства треба да имаат
пристоен живот.