Од 29.01 до 31.02 во Белград се одржа работилница на одборот на млади на РСС Солидарност. Акцентот на оваа работилница беше ставен на проблемите со кои се соочуваат младите при вработување, како и вработените преку агенциите за привремени вработувања.
Со изнесување на моменталните состојби во земјите од Балканот се согледаа состојбите за вработеноста на младите, за активностите кои ги презема синдикатот, се разменија мислења и се пренесоа искуства.
Исто така се информираше и за новиот фонд RAICO кој ги помага проектите за млади и спортските активности и како може заедно со синдикатите од другите земји да работиме за благосостојбата на младите.