1. Home
  2. Галерија
  3. Работилница на КСС „Закони за вработените во јавниот сектор и нивна практична примена “
IMG_1637
IMG_1636
IMG_1634
IMG_1631

Работилница на КСС „Закони за вработените во јавниот сектор и нивна практична примена “

0
610 ПРЕГЛЕДИ

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) во рамки на проектот ,,Бесплатна правна помош за сите членови,, кој е финансиран  преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, а го финнасира Европската Унија на ден 27.08.2020 година организираше работилница насловена како „Закони за вработените во јавниот сектор и нивна практична примена “

На работилницата учествуваа, вработените во синдикатот, давателите на правна помош ангажирани во КСС и претседатели на синдикати и синдикални организации.

Целта на оваа работилница беше да се обучат претставниците од синдикатот за законите кои се однесуваат на вработените во јавниот сектор, како и нивно толкување и обука за правниот начин на постапување на претставниците на синдикатот кога вработените во јавниот сектор се соочуваат со прекршувања на права од работен однос.

На работилницата беа разработени Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници, беше образложено во кои случаи административниот службеник сноси дисциплинската одговорност, кои се постапките кои треба да се запазат од страна на работникот при дисциплинска неуредност или дисциплински престап, каде се поднесуваат жалбите и во кои точно определени рокови.

На самата работилница се разви плодна интеракција помеѓу учесниците кои разменуваа проблеми со кои се соочуваат, а исто така имаше доста практична работа при обработка на темите, самите учесници симулираа тек на една дисциплинска комисија на реален случај.