1. Home
  2. Новости
  3. ПРОТЕСТ НА КСС 15.04.2021

ПРОТЕСТ НА КСС 15.04.2021

ПРОТЕСТ НА КСС 15.04.2021
0
0

Денес се одржа голем протест на КСС со кој се искажа големото незадоволство на работниците во Македонија.

Паролата на овој протест беше ” ДОСТА Е – ПРЕТЕРАВТЕ! “

Поради состојбата со пандемијата протестот беше организиран со возила кои ја надминаа бројката од 350  возила.

Ова покажува дека голем дел од работниците сакаат да порачаат на владата дека е доста и дека претеравте!

Протестот започна во 16:00 часот од збирното место спроти Македонска радио телевизија се до Собранието за на крај да заврши пред Владата.

Пред Собранието, Претседателот на КСС одржа краток говор, а потоа со голем транспарент со паролата се продолжи до Владата на Република Македонија.

Пред Владата најпрво се обрати Претседателот на КСС, Благоја Ралповски кој ги пренесе барањата,  а дел од нив се:

  • да престане непочитувањето на законите од трудовата област
  • да се почитува законот за минимална плата
  • да се направи усогласување на платите согласно колективните договори
  • да престане притисокот врз синдикалните лидери и синдикатот
  • да престане непостапувањето на институциите на системот при прекршување на законите

Потоа Претседателите на гранските синдикати при КСС се обратија до Владата со говор во кој ги кажаа своите барања.

Протестот беше поддржан и од многу други синдикални организации и здруженија кои се заедно со нас во борбата против прекршувањето на работничките права кои напротив треба само да се унапредуваат, а тоа на оваа власт изгледа не и е во приоритетите.

По овој протест очекуваме дека  Владата ќе  се потруди да воспостави социјален дијалог и дека ќе ги исполнат барањата кои ги има КСС.

Ви пренесуваме дел од протестот.

PROTEST OF KSS – 15.04.2021

PROTEST OF KSS – 15.04.2021
0
0

Today is a great protest of KSS because through it, workers in Macedonia expressed great dissatisfaction.

The slogan of this protest was – IT’S ENOUGH – YOU’VE GONE TOO FAR!!!

Due to the situation with the pandemic, the protest was organized with cars so it was made possible in time of pandemic. The number of cars that was present, exceeded 350 vehicles.

This shows that many workers want to send the government to go because it’s enough – you’ve gone too far!

The protest started at 16:00 from the gathering place opposite the Macedonian Radio Television to the Parliament and finally ended in front of the Government. In front of the Parliament, the President of KSS gave a short speech, and then with a large banner with the slogan of the protest continued to the Government of the Republic of Macedonia. The President of KSS, Blagoja Ralpovski, first addressed the Government and conveyed the requests, and some of them are:

  • to stop the non-respecting of the laws in the field of labor
  • to be respected the law on minimum wage to harmonize wages in accordance with collective agreements
  • to stop the pressure on trade union leaders and the trade union
  • to stop the inaction of the institutions of the system in case of violation of the laws

Then the Presidents of the branch trade unions at KSS addressed the Government with speeches in which they expressed their demands. The protest was supported by many other trade unions and associations that are with us in the fight against the violation of workers’ rights, which on the contrary should only be promoted not violated, but it and does not seem to be in the priorities of this government. After this protest, we expect that the Government will do its best to establish a social dialogue and that they will meet the requirements of KSS.