1. Home
  2. Новости
  3. ПОДДРШКА ОД СИНДИКАТОТ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

ПОДДРШКА ОД СИНДИКАТОТ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

ПОДДРШКА ОД СИНДИКАТОТ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
0
405 ПРЕГЛЕДИ

Синдикатот на Клинички центар дава целосна поддршка на протестите на здружените грански синдикати при КСС, кои ќе започнат на 26.04.2022 година со почеток од 16 часот, а се резултат на несоодветната примена на Законот за минимална плата.

Во изминатиот период, барањата на КСС за усогласување на платите со минималната плата согласно Законот за минимална плата беа постојани, при секое покачување на минималната плата.

Поради недоволното разбирање од страна на надлежните институции и отсуството на социјален дијалог, КСС беше принуден барањата на своите членови да ги изрази преку протести.

Во изминатите години, инфлацијата и зголемените животни трошоци не беа соодветно проследени со покачувањето на платите, кое во јавната администрација изнесуваше само 5%.

Намалениот животен стандард и квалитет на живот доведоа до демотивираност и разочараност кај вработените во јавната администрација.

И покрај тоа, надлежните институции сеуште немаат разбирање за огромниот револт кој е присутен кај вработените во  јавната администрација.

Поради исцрпените можности за социјален дијалог и огромниот притисок од членството, гранските синдикати при КСС повторно преку протести ќе го изразат присутното незадоволство на своето членство.

Синдикатот на Клинички центар се надева дека здружените грански синдикати на КСС ќе се изборат за остварување на барањата на своите членови, коишто им следуваат согласно Законот за минимална плата и колективните договори.