Отпочнува проектот Зајакнување на социјалниот дијалог е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ).
Општата цел на проектот е подобрување на социјалниот дијалог како средство за создавање на повеќе и подобри работни места. Ова ќе се оствари преку подобрување на институциите и законодавството, како и со активности за зајакнување на капацитетите на трипартитните чинители на пазарот на трудот за нивно ефективно вклучување во социјалниот дијалог.
Проектот има потреба од преведувачи/толкувачи за следните јазични комбинации:
- од македонски на англиски јазик и од англиски на македонски јазик;
- од македонски на албански јазик и од албански на македонски јазик.
Потребни вештини и искуство
- Завршен филолошки факултет;
- Одлично познавање на македонски и англиски/албански јазик
- Минимум 5-годишно искуство во превод/толкување од областа на трудовото законодавство, работните односи, социјалниот дијалог, политиките за вработување;
- Добро познавање на MS Office.
Kратки биографии на англиски јазик треба да се пратат на simjanoska@ilo.org; jovanovska@ilo.org, kalenzis@ilo.org до 15 февруари 2019 г.
Преведувачите/толкувачите ќе потпишат договор за надворешна соработка со МОТ за соодветната задача со определена временска рамка; ова во ниеден случај не подразбира постојано вработување во МОТ или очекување за истото.