Повик за изработка на промотивно видео
Отворениот повик има цел да се избере понудувач за изработка на промотивно видео во рамки на проектот Привлекување на нови членови и нетипични вработувања кој го спроведува Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.
Опис
Видеото кое треба да се изработи е промотивно видео преку кое ќе се промовира Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. Избраниот понудувач ќе треба да изработи видео во должина од 5 до 10 минути. Видеото треба да вклучува нарација на македонски јазик. Видеото треба да биде прилагодено и изработено во адекватни формати за споделување на социјални медиуми.
Делокруг на работа
- Монтирање на содржина или снимање на инсерти и нарација;
- Прилагодување на видео-материјалите во соодветни формати; дообработка;
- Одржување состаноци со проектниот тим;
- Спроведување на правилата за видливост на донаторот во соработка со проектниот тим.
Надомест
Вкупниот надомест за извршените услуги не треба да ја надминува сумата од 350 евра (триста и педесет) во денарска противвредност. Проектот е ослободен од плаќање на ДДВ, понудата од правни лица треба да е без ДДВ.
Доколку се работи за понуда од физичко лице, горе наведената сума е бруто износ и во неа влегува и персоналниот данок. Забелешка: Доколку физичкото лице кое аплицира е ДДВ обврзник, ве молиме нагласете го тоа во финансискиот предлог.
Начин на аплицирање (рок и потребни документи):
Апликантите можат да бидат физички или правни лица и потребно е да достават Кратка биографија (CV) и референтна листа на преходно изработени видеа.
Апликацијата треба да биде испратена во електронска форма на е-мail: contact@kss.mk со наслов: Понуда за изработка на видеo, не подоцна од 15.02.2021г. Рокот за изготвување на видеото ќе биде утвреден заедно со избраниот кандидат.