Отворениот повик има за цел да се избере понудувач за изработка на веб – платформа во рамки на проектот ,,Привлекување на нови членови и нетипични вработувања” кој го спроведува Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, а е финансиран од Проектот Зајакнување на социјалниот дијалог кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, а е финансиран од Европската Унија.
Опис
Оваа Веб-платформа која ќе се изработи служи за информирање на сите граѓани и сите лица кои се вработени и им дава можност за пристапување кон синдикатот Конфедерација на слободни синдикати на Македонија. За таа цел потребно е веб девелопер кој ќе ја изработи веб платформата. Платформата ќе биде надградена на веќе постоечкиот веб-сајт на КСС.
Делокруг на работа
Од веб девелоперот се очекуваа да бидат реализирани следните активности:
– Изработка на веб сајт во WordPress
– Графички дизајн и веб дизајн за потребите на изработка на платформата
– Инсталирање на Google Analytics за анализа и следење на посетеноста
– Изработка на упатство за администрирање и обука на лицата што ќе ja администрираат веб-страната на платформата во која истата ќе биде изработена
– Комуникација со проектиниот тим во однос на изработката на веб-платформата
Содржина на веб-платформата
– Изработка на почетна страна и најмногу до десет различни страни кои се составен дел на платформата
– Автентичен дизајн на самата веб платформа со дизајнирање на повеќе слики и/или видеа
– Изработка на форми за регистрација и контакт форми
– Изработка на повеќе решенија за онлајн плаќање
– Дел за основни податоци за проектот
– Изработка на веб банер (изработен во различни димензии) преку кој ќе се поврзе веб-платформата со постоечкиот веб сајт
– Галерија/Видео
– Имплеметирање на мапа преку Google maps
– Администраторски панел (пристап и мониторинг)
– SEO
Технички решенија
Експертот за подготовка на веб-платформата препорачано е да користи WordPress како платформа за изработка. Потребно е да се изработи соодветна документација, а source code-от останува во сопственост на нарачателот по завршување на услугата. Со цел веб страната да одговори на најновите технички стандарди и трендови, потребно е да биде изградена со лесен, едноставен прилагодлив дизајн (responsive design) со што ќе се овозможи автоматска промена на структурата и големената на елементите од веб страната во зависност од уредот на кои се прикажуваат: мобилни телефони, таблети, лаптопи или десктоп. Во веб-страната потребно е да биде вградено поврзување со Google Analytics, со што ќе се овозможи преглед на статистики поврзани со посетеноста на веб-страната. Потребно е да бидат вградени техники и препораки од веб-пребарувачите како што е Google, со цел постигнување на висок ранг во пребарувањата.
Можност за пребарување низ различните типови на информации поставени на веб страната.
Социјални медиуми – оптимизација на содржините (повлекување наслов, слика и краток опис) за брзо споделување низ различни социјални мрежи
Начин на аплицирање (рок и потребни документи):
- Портфолио на релевантните проекти изработени од предложениот експерт
- Детално ЦВ од предложениот експерт
- Финансиска понуда Финансиската понуда треба да биде изразена во вкупен бруто износ со вклучен персонален данок на доход (доколку понудувачот е физичко лица) односно вкупен износ без вклучено ДДВ (доколку понудувачот е правно лице) и наведен рок за испорачување на готовиот производ.
Бараните докуманти да се достават на е-маил: contact@kss.mk или на адреса 50-та Дивизија бр.25, 1000 Скопје со назнака ,,Понуда за изработка на веб-платформа” најдоцна до 07.04.2021г.
Изборот на најповолен понудувач ќе биде направен според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена. Критериумите за квалитет ќе ги вклучат претходните проекти и ЦВ-јата на експертите. Плаќањето е 100% по испорачување на готовиот производ.
Со финансиска поддршка од проектот Зајканување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, а е финансиран од Европската Унија.