Повик за експерт за реализација на обуки

0

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) објавува повик за ангажирање на експерти за реализација на обука во рамките на прокетот ,,Привлекување на нови членови и нетипични вработувања” кој е финансиран преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Генералната цел на проектот подигање на свеста на јавноста за значењето на синдикатот како институција која е заштитиник на правата на работниците и јакнење на довербата во синдикатот како организација која знае како да се приспособи кон промените на пазарот на трудот и иновативно да одговори.

Опис на работните задачи

КСС објавува повик за ангажман на двајца експерти од областа на работното законодавство кои ќе ја презентираат долгорочната стратегија за привлекување на нови членови и нетипични вработувања, претставување на синдикатот пред потенцијални членови, дефинирање на нови и подобрени услуги кои синдикатот може да ги понуди на членовите и план за задржување на новите членови.

Планиран е ангажман на двајца експерти за една обуки која ќе се одржи на 24,25,26 јуни 2021 која во Струга. Сместувањето е на сметка на организторорт на обуката.

– Експертите треба да испорачаат обука/и во областа на трудовото законодавство за најмногу до 2,5 дена ангажман. Исто така во рамките на ангажманот на експертите вклучена е подготовка на содржина на обуката, испорака и известување.

Целна група на обуките

Синдикални претставници кои ќе добијат нови вештини за привлекување на нови членови и членови кои работат во нетипични форми на вработување.

Договор и надоместок за експертот/ката

Ангажманот се заснова на потпшан договор со експертите во кој ќе биде регулиран надоместокот за ангажманот.

Експертот/ката е потребно да достави финансиска понуда.

Потребни квалификации

Експертот/ката треба да ги поседува следните квалификации и вештини:

Искуство во областа на трудово законодавство и во дизајнирање и спроведување на обуки на горенаведените теми;

Потребна документација 

Понудата треба да го содржи следново:

– Финансиска понуда изразена во евра во бруто износ;

– Предлог програма за обуката/ките;

– Детална биографија (CV);

Критериуми за избор

– Компатибилност на финансиската понуда со предвидениот буџет

– Претходно искуство на експерот во областа

– Квалитет на понудената предлог програма

Рок за пријавување 

Пријавите со целокупната пропратна документација треба да се достават најдоцна до 14 јуни 2021 година на електронската пошта на КСС contact@kss.mk или на адреса ул. 50 та Дивизија бр.25 Скопје со назнака: Експерт за реализација на обуки

 

Сподели на социјални медиуми

Copyright kss.mk