1. Home
  2. Новости
  3. Повик за ангажирање на надворешен експерт

Повик за ангажирање на надворешен експерт

Повик за ангажирање на надворешен експерт
0
462 ПРЕГЛЕДИ

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во рамките на проектот Trade unions for a fair recovery: Strengthening the role of trade unions in mitigating the impact of the COVID-19 crisis објавува повик за ангажирање на надворешен експерт за изработка на  Стратегија за подобрување на социјалниот дијалог на сите нивоа и вештините за преговарање.

Што се очекува од надворешниот експерт:

Изработка на Стратегија за подобрување на социјалниот дијалог на сите нивоа и вештините за преговарање која вклучува:

  • План за подобрување на социјаниот дијалог
  • Идентификување на вештините за преговарање
  • Дефинирање на пристап за подобрување на социјалниот дијалог кој ќе ги вклучи социјалните партнери

Потребни квалификации:

  • Завршено најмалку високо образование во област релевантна на повикот
  • Претходно искуство во областа и изработка на слични стратегии
  • Способност за тимска работа, добри комуникациски и организациски вештини

Начин на аплицирање (рок и потребни документи):

Сите заинтресирани кандидати треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија ( CV)
  • Предлог методологија за работа
  • Финансиска понуда

преку електронска пошта на contact@kss.mk  со назнака Понуда за изработка на стратегија или по пошта на адреса ул. 50та Дивизија бр. 25 Скопје п.фах 79

Рокот за доставување на апликациите е најдоцна до 28.03.2022 година. Рокот за изготвување на стратегијата ќе биде утврден заедно со избраниот кандидат.

 

Со финансиска поддршка од проектот Trade unions for a fair recovery: Strengthening the role of trade unions in mitigating the impact of the COVID-19 crisis, кој го спроведува Европската конфедерација на синдикати, а е финансиран од Европската Унија.