1. Home
  2. Новости
  3. Повик за ангажирање на консултант за изработка на анализа

Повик за ангажирање на консултант за изработка на анализа

Повик за ангажирање на консултант за изработка на анализа
0
369 ПРЕГЛЕДИ

Повик за ангажирање консултант за подготовка на:

АНАЛИЗА НА КАПАЦИТЕТИТЕ И УЛОГАТА НА ПРЕТСТАВНИКОТ НА ВРАБОТЕНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА/СИНДИКАЛЕН ПРЕТСТАВНИК

ОПИС НА РАБОТНА ЗАДАЧА:

Повик за ангажирање на двајца (2) домашни експерти.

СПРОВЕДУВАЧ:

Kонфедерација на слободни синдикати на Mакедонија со поддршка од Меѓународната конфедерација на синдикти (International Trade Union Confederation) и Union to Union.

ОРГАНИЗАЦИСКА ПОЗАДИНА:

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) е доброволна синдикална организација во која се здружени синдикати од јавниот и приватниот сектор во Република Македонија. КСС е самостојна организација, независна од власта, политичките партии, работодавачите и други организации и интересни групи. КСС е репрезентативна синдикална организација на национално ниво и по тој основ има свои претставници и учествува во работата на Економско-социјалниот совет на РМ (ЕСС). КСС е репрезентативна синдикална организација и за јавниот сектор во РМ и по тој основ е потписник на Општиот колективен договор за јавниот сектор во Р.Македонија. Во КСС се здружени 11 грански синдикати.

ВОВЕД И ИСТОРИЈАТ:

Основни цели на КСС се: економска и социјална сигурност на работниците, заштита и унапредување на работничките права, пристоен животен стандард, навремени и достоинствени плати и пензии, гарантирање на минималната плата, поздрави и побезбедни работни места, здравствена заштита за сите граѓани, развој на демократијата, социјалната правда и солидарност.

Главната цел на активноста е да се е да придонесе за создавање на превентивна култура за спречување на несреќи при работа на национално и меѓународно ниво, преку воспоставување и управување со функционален систем за безбедност и здравје при работа.

Специфичната цел на активноста е да даде увид во положбата на претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа/синдикален претставник во однос на правата и обврските кои се предвидени со Законот за БЗР и позицијата која ја зазема во правниот субјект.

ЦЕЛ И ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ:

Активностите кои треба да се преземат за постигнување на предвидените цели во рамките на овој повик за ангажирање на еден експерт се наведени подолу:

  1. Спроведено истражување за подготовка на Анализата на капацитетите и улогата на претставникот на вработени за безбедност и здрваје при работа/синдикален претставник;
  2. Изработка на Анализата на капацитетите и улогата на претставникот на вработени за безбедност и здравје при работа/синдикален претставник;

Целта на подготовка на оваа анализа е да се направи увид во капацитетите на претставникот на вработени за безбедност и здравје при работа/синдикален претставник, начинот на нивно функционирање, запознавање со правата и обврските од Законот за безбедност и здравје при работа, како и подзаконските и сродни акти кои се однесуваат на претставниците на вработени за безбедност и здравје при работа /синдикален претставник, како и подигнување на јавната свест за безбедност и здравје при работа.

Заклучоците од оваа анализа ќе бидат појдовна основа за детектирање на положбата на претставникот на вработени за бзр/синдикален претставник во однос на правата и обврските кои се предвидени со Законот за БЗР и позицијата која ја зазема во правниот субјект.

ЕКСПЕРТСКА ОДГОВОРНОСТ, ДАТУМ НА ЗАПОЧНУВАЊЕ И ПЕРИОД НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАДАЧИТЕ:

За овaa активност, се планира ангажирање на два експерта со искуство во областа на безбедноста и здравјето при работа и трудовото право. Експертите ќе бидат ангажирани вкупно 30 работни дена.

Индикативна временска рамка за спроведување на активностите e во период од 05.05.2021 – 15.07.2021 – 30 експертски денови.

РЕЗУЛТАТИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПОСТИГНАТ ОД СТРАНА НА ЕКСПЕРТОТ:  

Од експертите се очекува да ги преземат следниве активности:

  • Спроведување на истражување за потребите за подготовка на Анализа на капацитетите и улогата на претставникот на вработени за БЗР/синдикален претставник
  • Подготвена и доставена Анализа на капацитетите и улогата на претставникот на вработени за БЗР/синдикален претставник.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ:

Профилот на правното лице треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Правно лице регистрирано на територија на Р.С. Македонија;
  • Правно лице со најмалку 10 годишно искуство и експертиза во областа на безбедност и здрaвје при работа и трудово право на национално ниво.
  • Правно лице со најмалку 5 годишно искуство и експертиза во областа на безбедност и здравје при работа и трудово право на меѓународно ниво;
  • Правно лице кое поседува база на експерти кои имаат искуствo и експертиза вo oбласта на безбеднoст и здрaвје при рабoта и трудово право, како автори или ко-автори на најмалку 3 анализи од наведените области.

Правните лица кои се заинтересирани да соработуваат со КСС, а во врска со опишаната потреба во ова барање, треба да достават потребна документација најдоцна до 28.04.2021 година на е-мејл адреса:  contact@kss.mk или на адреса ул.50-та Дивизија бр. 25, 1000 Скопје со назнака: ,,Понуда за изработка на анализа“.

Профилот на експертите кои ќе ги предложи правното лице треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Да е државјанин на Република С. Македонија;
  • Да има најмалку диплома за завршено високо образование и најмалку 10 годишно искуство и експертиза во областа на безбедност и здравје при работа;
  • Да ја  владее  состојбата  и  предизвиците  во  областа  на трудовото  право  и  безбедноста и здравјето при работа, во однос на законодавно-правната регулатива;
  • Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
  • Комуникација и соработка со сите социјални партнери, граѓански организации и државни институции
  • Да поседуваат Аналитички вештини.
  • Работно искуство и познавање на законодавно – правната регулатива на регионално ниво, во ИПА земјите.
  • Познавање на англиски јазик ( заради потребата од соработка и презентирање на Синдикални организации од ЕУ земјите)

Од страна на Експертот е потребно е да ги достави следниве документи:

  • Работна биографија;
  • Мотивациско писмо;
  • Предлог методологија и пристап за извршување на активностите;
  • Предложен буџет

НАЧИН НА СЕЛЕКЦИЈА:

Добиените понуди кои ќе ја поминат административната проверка ќе бидат оценувани од страна на комисијата за оценување. Апликациите ќе се оценуваат според следниве критериум:

Техничка евалуација – максимален можен резултат – опсег

  • Предложена методологија и временска рамка – 30 поени
  • Работна биографија/Портфолио – 40 поени
  • Вкупно поени 70
  • Финансиска евалуација – максимална можна оценка
  • Вкупно поени – 30
  • Вкупно (техничка и финансиска евалуација) – 100 поени

КСС го задржува правото да прифати или одбие некоја од добиените апликации.

НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ:

Нацрт- извештајот  се  доставува доставува најдоцна  во рок  од 5  дена  по  завршувањето и испорачувањето на договорените услуги.

ДЕФИНИРАЊЕ НА ИНДИКАТОРИ

Индикаторите за предвидената активност во овој договор е:

  • Подготвена Анализа

Повик за изработка на анализа