1. Home
  2. Новости
  3. Повик за ангажирање на еден (1) експерт за изработка на студија

Повик за ангажирање на еден (1) експерт за изработка на студија

Повик за ангажирање на еден (1) експерт за изработка на студија
0
232 ПРЕГЛЕДИ

Дата: 18.11.2022

 

Опис на работна задача: Повик за ангажирање на еден (1) експерт за изработка на студија

 

Спроведувач: Конфедерација на слободни синдикати на Македонија – КСС

 

Донатор: Македонско здружение за заштита при работа – МЗЗПР

 

Организациска позадина: Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во последните години бележи растечки тренд на несреќи на работниците на нивните работни места. Со појавата на вирусот SARS-COV-2 и состојбата со пандемијата ни се наметна потребата да посветиме поголемо внимание на оваа важна тема. Минатата година направивме две анализи за безбедноста при работа и почитување на протоколите донесени од Владата. Една од анализите е направена во јавниот сектор за да се види кои институции направиле проценка на ризикот помеѓу периодот од февруари 2020 година до мај 2021 година. Затоа, ако внимателно ги погледнеме анализите што ги направи нашиот синдикат, ќе забележиме дека постојано се зголемуваат повредите при работа како и смртноста предизвикана од повреди на работа. Во многу случаи, повредите на работа не се официјално пријавени или причината за смртта е погрешно толкувана. Од сето ова, можеме да заклучиме дека Законот за безбедност и здравје при работа не го спроведуваат целосно повеќето работодавачи и за жал, можеме да кажеме дека не е целосно имплементиран ниту во јавниот сектор. Една од областите на работа на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, на која речиси интензивно работиме, е заштитата на правата на вработените.

 

Вовед и историјат: Проектот “Промовирање на дијалогот за подобрување на работните услови, безбедноста и здравјето при работа“ се спроведува од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС за период од 11 месеци, започнувајќи од 01.06.2022 година.

Главна цел на проектот е подобрување на практиките за безбедност и здравје при работа на национално ниво преку иницијативи за вмрежување и активности за застапување.

Специфичната цел на проектот е обезбедување на решенија развиени преку соработка со засегнатите страни за подобрување на бизнисот ореку намалување на факторите за ризик кои што влијаат на здравјето и развојот на професионалните заболување кај вработените.

 

Цел и очекувани резултати: Активностите кои што е потребно да се превземат се дел од Активоста 2.2 односно изготвување на три студии врз основа на одржаните три јавни дебати во таргетираните општини. Главна цел на овие студии, односно на истражувањето е утврдување на моменталната состојба од имплементацијата на БЗР.

За оваа активност се предвидува ангажирање на едно лице, како експерт за изготвување на основна студија врз основа на веќе одржаните три дебати во таргетираните општини. Лицето ќе биде ангажирано за период од два месеци и 15 дена, поточно од 01.12.2022 до 15.02.2023, односно 25 работни дена

Начин на аплицирање: Сите заинтересирани лица кои што сакаат да аплицираат потребно е да ги достават потребните документи најдоцна до 28.11.2022 на следната e-mail адреса: contact@kss.mk, или лично на адреса ул. 50та Дивизија бр. 25 Скопје.

 

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование (предност имаат кандидати со завршено високо образование од областа на безбедноста при работа, трудовот право и правните науки)
  • Владеење на регулативата за безбедност и здравје при работа и трудово право
  • Поседување на искуство најмалку 5 години во областа на безбедност и здравје при работа и трудово право
  • Способност за тимска работа, добри комуникациски и организациски вештини
  • Претходно искуство во изработка на слични анализи или исти анализи други пишани документи од областа

 

Потребна документација:

  • Кратка биографија
  • Предлог методологија за работа
  • Финансиска понуда