ПОВИКУВАМЕ ЗДРАВЈЕТО И БЕЗБЕДНОСТА НА РАБОТНОТО МЕСТО ДА СТАНАТ ФУНДАМЕНТАЛНО ПРАВО ЗА РАБОТНИЦИТЕ
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија како дел од сите синдикати обединети во Светската конфедерација на синдикати (ITUC) повикува здравјето и безбедноста на работното место да станат фундаментално право за работниците.
Како што покажува бројот на случаи на КОВИД-19 на работното место, неуспесите во здравјето и безбедноста при работа имаат катастрофални ефекти, не само врз работниците и нивните семејства, туку и врз индивидуалните бизниси, па дури и на цели економии.
Во интерес на работниците, работодавачите и владите е здравјето и безбедноста при работа да станат основен принцип и право на работа на МОТ.
Затоа ние синдикатите – на глобално ниво, на национално, на секторско ниво го одбележуваме Меѓународниот меморијален ден на работниците, 28 април, барајќи трипартитната Меѓународна конференција на трудот во јуни да го преземе овој долго задоцнет и витален чекор. .
Владите треба да ја ратификуваат и, што е уште поважно, да ја имплементираат Конвенцијата 155 на МОТ за безбедност и здравје при работа и Конвенцијата 161 на МОТ за здравствени услуги на работа (која во моментов опфаќа само 20% од работната сила), бидејќи тие ги прикажуваат практичните чекори потребни за справување со предизвиците со кои работниците и работодавачите се соочуваат секој ден.
Генералниот секретар на ITUC, Шаран Бароу, рече: „Нема оправдување повеќе да се занемарува оваа одлука. Тоа е лошо за работниците и лошо за бизнисот, а економиите ги чини милијарди отсуството на работниците поради болест, исплата на бенефиции, како и поради загуби во производството.
„Потребни ни се претставници за безбедност на работното место, заеднички комитети за безбедност со работодавачите и петкратно зголемување на пристапот до здравствените услуги на работното место за сите да бидат заштитени на работа.
„Да го направиме овогодишниот Меѓународен меморијален ден на работниците последната година кога на работниците им е ускратено ова основно право.”