1. Home
  2. Новости
  3. Одржан семинар на тема ” Трговија со луѓе со цел нивна трудова експлоатација”

Одржан семинар на тема ” Трговија со луѓе со цел нивна трудова експлоатација”

Одржан семинар на тема ” Трговија со луѓе со цел нивна трудова експлоатација”
0
658 ПРЕГЛЕДИ

На 28.06.2017 год. во Холидеј Ин се одржа семинар на тема ” Трговија со луѓе со цел нивна трудова експлоатација” кој е во организација на Советот на Европа и Министерството за труд и социјална политика.

Целта на овој семинар е да се разгледаат начините за превенција на трговијата со луѓе, да се обезбеди форум за дискусија за појавните трендови и иницијативи преземени од засегнатите страни со цел детекција на случаите на трговија со луѓе и превенција на истите.

Секако свое учество зема и КСС која го изнесе своето гледиште и како синдикатите би помогнале во спречувањето на трговијата со луѓе преку своето функционирање.

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски,  кој учествуваше во панел сесијата нагласи дека мора да има соработка и комуникација помеѓу синдикатите и надлежните институции, бидејќи може да се проследат информации директно од теренот кои би помогнале во работата на инспекторатите.

Целиот проект ” Превенција и борба против трговијата со луѓе ” кој го спроведува Советот на Европа опфаќа прашања од законодавството, креирање политики и практика во определената област. Ќе се обезбеди експертиза за ревидирање на тековните трендови во однос на трговијата со луѓе заради цели на експлоатација на трудот во земјата и врз таа основа ќе бидат спроведени активности за зголемување на капацитетите на инспекторатите за труд, на службените лица за спроведување на законот, на синдикатите и на другите засегнати страни за откривање, идентификување и давање помош на жртвите на трговијата со луѓе.

Овој проект е започнат од 1ви октомври и ќе трае до 30ти јуни 2018 година со буџет од 350.000 евра.