Генералното собрание на ПЕРК (Пан-европскиот регионален совет) се одржа на 16 декември 2019 година во Брисел во Домот на меѓународните синдикати. На Собранието од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија присуствуваше Претседателот на КСС, Благоја Ралповски заедно со повеќе од сто дваесет делегати, набљудувачи и гости од цела Европа. На собранието се обратија и Шаран Бароу, генерален секретар на ИТУК и Хајнц Колер, директор на МОТ за Европа.
Делегатите го одобрија извештајот за активностите за последните 4 години, а беа предложени следните приоритетни политики на делување на ПЕРК за периодот 2020-2023:
I. Мир, демократија и права во Европа и Централна Азија
II. Регулирање на економската моќ: плати и социјална заштита, вистински социјален дијалог и колективно договарање и промовирање на вредностите на синдикатот
III. Глобални промени: праведни транзиции, одржлив развој и инвестирање во луѓето
IV. Еднаквост: борба против зголемувањето и се поголемите нееднаквости, родовите, разликите во платите и социјалната заштита; даночни политики; миграција во Европа
V. Организирање и развој на синдикалното организирање – пат кон вистинска моќ
Генералниот секретар на ЕТУК, Лука Висентини, беше избран на функцијата Генерален секретар на ПЕРК. Собранието на ПЕРК исто така го избра Иракли Петриашвили, Претседател на Конфедерацијата на грузиските синдикати, за Претседател на ПЕРК за втор мандат. Исто така беа избрани 8 потпретседатели да формираат избалансиран и посветен лидерски тим за водење и спроведувањето на програмата на ПЕРК.