1. Home
  2. Новости
  3. Одржани три работилници за безбедност и здравје при работа

Одржани три работилници за безбедност и здравје при работа

Одржани три работилници за безбедност и здравје при работа
0
563 ПРЕГЛЕДИ

Во рамки на проектот „Промовирање на дијалогот за подобрување на работните услови, безбедноста и здравјето при работа“ се одржаа три работилници во Скопје, Струга и Битола во месец Април 2023.

По спроведување на анкетата и подготвената анализата од истата, се одржаа 3 јавни дебати во периодот Декември 2022 – Јануари 2023, од кои што произлегоа три студии со кои се утврди моменталната ситуација на имплементација на БЗР во трите таргетирани општини: Скопје, Битола и Охрид. Овие студии беа основата за подготовка на модулите за тренинг обуките кои што се одржаа во месец Март 2023. По одржување на овие три тренинг обуки подготвена беше Студија за подобрување на безбедноста и здравјето при работа, пред се на локално ниво во трите таргетирани општини. Трите тренинг обуки и интерактивноста на учесниците дадоа добри насоки за подготвување на Стратегија за подобрување на безбедноста и здравјето при работа.

По изготвување на Стратегијата за подобрување на безбедноста и здравјето при работа, КСС ги одржа овие три работилници кои што се резултат на сите претходни реалзирани активности во рамките на овој проект. Учесниците на овие работилници работеа на драфт верзијата на акцискиот план за имплементација на претходно изготвената Стратегија за подобрување на БЗР на локално ниво во трите таргетирани општини: Скопје, Охрид и Битола.

На работилницата во Скопје присуствуваа и гости од синдикатите од Србија, Бугарија и Црна Гора кои што ги споделија нивните искуства за состојбата за безбедност и здравје при работа во нивните земји. Заедно со учесниците од Македонија диксутираа за можни начини за подобрување на работните услови како и подобра имплементација на БЗР во сите земји. Гостите од Србија, Бугарија и Црна Гора потенцираа дека реализираните активности кои што се дел од проектот се доста корисни и ќе ги претставтат на нивните членови.

Како генерален заклучок од сите овие работилници беше тоа дека вакви активности се потребни што е можно повеќе, како и заеднички активности со земјите од регионот, каде што би се споделиле искуства, но и би се договориле заеднички активности во областа на безбедноста и здравјето при работа, бидејќи улогата на синдикатот е доста важна во борбата против злоупотребата на правата на работниците посебно во делот на  безбедноста и здравјето при работа.