1. Home
  2. Новости
  3. Одржана транснационална работилница како дел од проектот „Иницирање активности за спроведување на Рамковниот договор за дигитализација на европските социјални партнери (ЕФАД)“

Одржана транснационална работилница како дел од проектот „Иницирање активности за спроведување на Рамковниот договор за дигитализација на европските социјални партнери (ЕФАД)“

Одржана транснационална работилница како дел од проектот „Иницирање активности за спроведување на Рамковниот договор за дигитализација на европските социјални партнери (ЕФАД)“
0
553 ПРЕГЛЕДИ

Во рамки на проектот „Иницирање активности за спроведување на Рамковниот договор за дигитализација на европските социјални партнери (ЕФАД)“, во периодот 15.06.2023 – 16.06.2023 во Фиренца, Италија се одржа транснационална работилница. На истата се разгледаа кои активности постојат во моментот во однос на дигитализацијата. Посебно се даде аспект на застапеноста на Вештачката интелигенција на ниво на Европската унија
во последните месеци.

Како дел од оваа транснационална работилница беше и презентација на изработените истажувања и студии на случај во сите земји учесници во проектот, односно Литванија, Македонија, Полска, Романија и Италија.

 

 

Од страна на националниот експерт од КСС беа претставени 6 студии на случај од Македонија кои беа направени во соработка со компании од приватниот сектор кои што се дел од: кетеринг секторот, градежниот сектор, секторот за производство и изработка на мебел, текстилниот сектор, прехранбениот сектор и производствениот сектор на хартиени продукти. За секоја компанија извештајот и работата на случај се фокусираше на три работи односно кратко инфо за компанијата, начин на работа пред да се направи дигитализацијата, новиот начин на дигитализација со кој работи сега компанијата и кои биле причините да се воведе дигитализацијата.

За сите 6 компании беа детектирани три главни проблеми во однос на имплементација на дигитализацијата а тоа се: страв од непознатото, попречување на процесот на дигитализација од страна на вработените и фактот што самите вработени не верувале во самиот процес на дигитализација.

Како заклучоk за целото истражување беше потенцирано дека сите 6 компании се согласиле дека дигитализацијата води кон многу подобра и поефикасна ораганизација на работниот процес како и кон поголема прецизнот. Исто така дигитализацијата на работниот процес доведува до безбедност во работата, брзина на работниот процес како и намалување на грешки од човечки фактор. Сите компании потенцираа дека секој вработен имал соодветна обука и новите дигитализирани алатки биле позитивно оценети, а воедно во процесот на дигитализација немало ни едно отпуштање на вработен.

Од стана на останатите учесници како и од страна на главниот експерт на проектот, Конфедерацита на слободни синдикати на Макеоднија беше издвоена како партнер кој што има најинтересно истражување со најразновидни компании а пред се сите се од приватниот сектор. Воедно потенцираа дека позитивно е тоа што при целиот процес на дигитализација се почитува зелената транзиција и се употребува помалку вода и електрична енергија и за поздравување е тоа што за време на целиот тој процес ни една компанија нема отпуштено ниту еден вработен во процесот.

Активно учество во транснационалната работилница имаше и претставник од ETUI (Европскиот институт на синдикатите) кој што обработи тема од областа на: Вештачката интелигенција и колективното преговарање и претставник од ETUC (Европската конфедерација на синдикати) кој што говореше за: Предизвиците на дигитализацијата и примената на вештачката интелигенција во документите и приоритетите на политиките на ETUC и Моментален статус на Законот за вештачка интелигенција и работа на вештачка интелигенција во Советот на Европа