1. Home
  2. Новости
  3. Одржана Конференција на КСС во пресрет на 1 Мај- Меѓународниот ден на трудот

Одржана Конференција на КСС во пресрет на 1 Мај- Меѓународниот ден на трудот

0
304 ПРЕГЛЕДИ

На 30 април 2025 година, во пресрет на  1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, се организираше конференција на тема „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“ која на едно место собра претставници од различни институции, Владата, работодавачите, академската заедница, синдикати и меѓународни организации со една заедничка цел: унапредување на работничките права преку социјален дијалог и системски реформи.

Конференцијата се состоеше од три тематски панел-дискусии:

Панел 1: Закон за работни односи – примена на постоечкиот или носење на нов Закон

На првата панел дискусија говорници беа: проф. д-р. Лазар Јовевски, Советник за труд и социјална политика од Канцеларија на Претседателот на Владата, г-дин Миле Бошков, Претседател на Бизнис конфедерација на Северна Македонија, г-дин Емил Крстановски, Национален координатор на Меѓународна организација на труд, а панелот го модерираше г-дин Јаким Неделков, Претседател на СОНК.

На овој панел се дискутираше за потребата од суштински измени на Законот за работни односи, кој долги години се подготвува. Акцент беше ставен на тоа дека измените мора да ги исправат досегашните недостатоци и да обезбедат повисока заштита и сигурност за сите работници или пак можеби проблем е несоодветното толкување и несоодветната примена на истиот.

Панел 2: Законот за административни службеници – потреба од носење нов Закон за професионална администрација и подобра услуга на граѓаните

Оваа сесија беше модерирана од Претседателот на КСС, Благоја Ралповски, а говорници беа г-дин Лазе Јаќимоски, Заменик министер за јавна  администрација, г-дин Бојан Стојаноски, пратеник во Собранието и проф. д-р Ивана Шумановска-Спасовска од Правниот факултет Јустинијан Први.

Панелистите посочија дека администрацијата е огледало на целиот систем и административните службеници се токму тие кои треба да ги спроведуваат нормативните и институционалните реформи.

                     

Како заклучок е дека е неопходна реформа која ќе овозможи функционална, независна и професионална јавна администрација.

Панел 3: Дигитализација на јавниот сектор наспроти корупцијата и психофизичкото здравје на вработените

Во третата панел дискусија говорници беа проф. д-р. Димитар Јовевски од Економскиот факултет во Скопје и д-р Ангел Панел, доктор и синдикален претставник од КСС, заедно со Претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

На оваа панел дискусија се отворија важни теми поврзани со влијанието на дигитализација во јавниот сектор, како алатка за сузбивање на корупцијата. Дигитализацијата мора да оди рака под рака со грижа за човечкиот фактор и правична трансформација на работните процеси. Се дискутираше и за потребата за заштита на менталното и физичкото здравје на вработените и унапредување на нивната благосостојба и работа во здраво работно опкружување како основа за осигурување пристојна работа.

Благодарност до сите говорници, учесници и поддржувачи – ова беше силна порака дека гласот на работниците мора да се слуша, а нивните права да се унапредуваат!