1. Home
  2. Новости
  3. Одбележан Светскиот ден на пристојна работа- 7ми Октомври

Одбележан Светскиот ден на пристојна работа- 7ми Октомври

Одбележан Светскиот ден на пристојна работа- 7ми Октомври
0
605 ПРЕГЛЕДИ

7 ОКТОМВРИ

СВЕТСКИ ДЕН ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА

Денес се одбележа Светскиот ден на пристојна работа со информативно делење на промотивен материјал пред Железничката станица.

Меѓународната конфедерација на синдикати (МКС) уште од 2008 година го одбележува 7 октомври како светски ден за пристојна работа. Тоа е ден за мобилизирање ширум светот, ден кога сите синдикати во светот застануваат во одбрана на пристојната работа.

Оваа година Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија се приклучува кон Меѓународната конфедерација на синдикати преку организирање на акција во која ќе се делат промотивни материјали под мотото Пристојна работа за сите.

Целите кои сакаме да ги поттикнеме  се унапредувањето на можностите на мажите и жените за добивање на пристојна и продуктивна работа во услови на слобода, еднаквост, сигурност и човечко достоинство, како и унапредувањето на правата на работното место, поттикнувањето на можностите за пристојно вработување, подобрувањето на социјалната заштита и зајакнувањето на социјалниот дијалог.

Работата е темелот на благосостојбата на луѓето. Пристојната работа обезбедува приход кој води до економски и социјален напредок, ги зајакнува индивидуите, нивните семејства и пошироките заедници. Таа е извор на лична гордост, стабилност на семејството и мирот во заедницата.

Пристојната работа е клучниот елемент во напорите за намалување на сиромаштијата и средство да се оствари еднаков, инклузивен и одржлив развој на сите земји во светот.

Остварувањето на фер пригоди е првиот елемент кој треба да биде задоволен за да се оствари пристојна работа. За голем број на вработени во македонската економија овој услов не е исполнет.

Исто така сметаме дека најважните аспирации на сите, мажите и жените се: правични примања, сигурност на работното место и социјална заштита за нив и за нивните семејства, подобри изгледи за развој и социјална интеграција, слобода на луѓето да ги искажат своите проблеми, да се организираат колективно и да учествуваат во носењето на одлуките што влијаат врз нивните животи, како и еднакви можностги и третман за сите жени и мажи.

 

Би сакале да искажеме благодарност за поддршката на овој настан од проектот Унапредување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот.

desent work