Обука за социјален дијалог со претставници на синдикати
Денес во Тетово започна дводневна обука за социјален дијалог за претставниците на синдикатите.
Со организирањето на оваа обука се влијае на зголемување на свеста за функционирањето и делувањето на синдикатите и колку тоа е важно за подобрување на работничките права и подобрување на работните места.
Предавачите зборуваа за тоа што е социјален дијалог, кои се придобивките и предизвиците за синдикатот.
Свои предавања имаа и Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС Благоја Ралповски и Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, Јаким Неделков кои дадоа осврт на поголем дел од функционирањето на синдикатите со оглед на големото искуство кое го имаат, стратегиите за зајакнување на социјалниот дијалог, ефикасност на истиот, а најмногу се обрна внимание на конкретните состојби со социјалниот дијалог, карактеристиките и што прават синдикатите на тоа поле.
Обуката беше реализирана во рамките на проектот “Промоција и зајакнување на социјален дијалог“, кој се имплементира од страна на Здружение Мултикултура- Тетово, а финансиски поддржан од Олоф Палме Центар и Шведската Влада.
Главна цел на овој проект е да се подобри квалитетот на социјалниот дијалог во Македонија, како и да се подобри интеракцијата на засегнатите страни и социјални партнери.