Обраќање на Шаран Бароу, Генералниот секреатар на Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУК) по повод Меѓународниот ден на трудот.
Честит 1-ви Мај! Овој 1-ви Мај 2021 е дури многу поважен од претходните! Се бориме за нов Социјален Договор, за работни места, работни места, кои се поволни за климата. Секој работник треба да има доверба за постојана работа. Tреба да има еднакво учество на мажите и на жените и секако инклузија на различностите, по однос на раса. Ќе се бориме Владите да инвестираат во работните места во транзиција, во климатската транзиција, во енергетика, во земјоделството, во производството, во услужните дејности и во негата, затоа што никогаш повеќе не можеме да ги оставиме нашите заедници недоволно финансирани, од аспект на виталните јавни услуги. Но исто така сакаме права, сакаме безбедност и здравје при работа како основно права, сакаме права за сите. Сакаме да се осигуриме дека постои универзална социјална заштита со солидарност за најсиромашните земји за да ги изградат тие системи, бидејќи нема закрепнување без флексибилност, а тоа е универзална социјална заштита со гаранција за работно место. Сакаме еднаквост, еднаквост во примањата, расна еднаквост, инклузивна иднина. Сакаме мултилатерална реформа и да ги реализираме Целите за соцајлен развој.
Денес ќе им порачаме на сите влади: Мора да инвестирате во работни места, во постојани работни места, во права и универзална социјална заштита, тоа е тој социјален договор врз кој можрмр да се развиваме.
Солидарност и ви благодарам што се зафативте со борбата, исто така и еднаквата борба на земјите кои се борат за срцето на демократијата.