1. Home
  2. Новости
  3. Најава на предупредувачки протест на КСС

Најава на предупредувачки протест на КСС

Најава на предупредувачки протест на КСС
0
330 ПРЕГЛЕДИ

Денес на 09.04.2021г. Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија одржа прес-конференција каде што го најави протестот кој ќе се оддржи на 15.04.2021 пред Владата на Македонија.

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски повторно истакна дека состојбата во која се наоѓаат работниците не е поволна и повторно го нагласи несогласувањето на КСС за неприменувањето на законите од трудовата област, симболичното покачување на минималната плата, работата во недела како неработен ден кој се користи за популизам, а сепак со предлог законските решенија ќе работат речиси сите работници. Исто така беше истакнато дека КСС побара солидарен фонд за сите работници кои ги изгубија работните места, а исто така истакна дека бара исплата на 100 проценти исплата на плата за сите работници кои се заразени на работно место, како повреда на работно место, а преку заклучоци и уредби тие права ни ги ускратуваат. По однос на ова право КСС заедно со здруженија кои ја третираат оваа област  пред се со МЗЗПР поднесе претставка до Уставниот суд за преиспитување на уставноста.

Наместо почитување и имплементирање на прописите, синдикалните лидери се прогонувани,  деградрајќи ги на работното место, преместувајќи ги од едно на друго работно место или пак губејќи го работното место.

Овој протест е усмерен против Владата на Репубика Македонија.

Конкретно како Конфедерација на Слободни синдикати на Македонија бараме:

  1. Да се почитуваат и импелентираат законите
  2. Да престане притисокот на синдикалните лидери и синдикалното организирање

Се случува огромен притисок на синдикалните организации кои се дел од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, со цел да се растури синдикалното движење.

Исто така, институциите на системот се под огромен притисок, пред се судовите, преку одолговлекување на тужбите кои се поднесени пред нив, префрлање на надлежност меѓу инспекторатите.

Со овој протест, ги повикуваме надлежните да ги разгледаат нашите барања за имплементирање и почитување на позитивните законски прописи.