На ден 17.04.2019 година во х. Солун се одржа трипартитната работилница за поволна бизнис клима за развој на одржливи претпријатија. На работилницата учество земаа и претставници од КСС.
На работилницата прв презентираше Северин Дебо, којшто е глобален координатор на Меѓународната организација на труд – МОТ за поволна бизнис клима за одржливи претпријатија (EESE). Тој даде вовед во концептот за и методологијата на МОТ за процена во однос на Поволна бизнис клима и одржливи претпријатија (EESE).
Потоа, Никица Кисиникова, којашто е надворешен соработник на МОТ ги презентираше клучните наоди од компаративната анализа за поволна бизнис клима за одржливи претпријатија за периодот 2013/2014 до 2019 година, каде што се оцениле петте клучни области, а тоа се: овозможувачка правна и регулаторна средина, владеење на правото и обезбедени права на сопственост, пристап до финансиски услови, лојална конкуренција и претприемачката култура.
- Наодите покажаа дека водењето на бизнис во Македонија е релативно лесно, но претпријатијата се жалат дека квалитетот на регулативата.
- Земјата треба да го зајакне владеењето на правото, што е поврзано со транспарентноста при креирањето на политики, ефективноста на правната рамка, спроведување на законите и работењето на судскиот систем.
- Растот на фирмите пред се се заснова врз самофинансирањето на претпријатијата, со силно претпочитање на финансирањето со задржаната добивка или со нов, приватен или семеен капитал.
- Банките се клучен извор на надворешно финансирање. Главните три пречки за пристап до заеми се следниве: високи каматни стапки, банките не сакаат да преземаат ризици и банките бараат премногу документи за да одобрат заем.
- Нееднаквиот третман на друштвата и широко распространетата сива економија штетно влијаат на конкурентноста.
Имено, МОТ во моментов го спроведува проектот Зајакнување на социјалниот дијалог 2019 – 2021 година, финансиран од Европската Комисија, со компонента за поволна бизнис клима, како придонес за зајакнување на учеството на Економско – социјалниот совет во креирање на агенда за економски и социјални реформи.
На крајот од работилницата, Северин Дебо и Јулија Друмеа ги изнеоса заклучоците за дефинирање на опсегот и процена поврзана со (EESE), како и за преговарање на нови клучни приоритети.
ILO: Social dialogue should be improved by creating a favorable business climate
On April 17, 2019 in h. Thessaloniki was held a tripartite workshop on favorable business climate for the development of sustainable enterprises. Representatives from KSS took part in the workshop.
The workshop was first presented by Severin Debo, Global Coordinator of the International Labor Organization – ILO for a favorable business climate for sustainable enterprises (EESE). He gave an introduction to the concept and methodology of the ILO for Evaluation of Favorable Business Climate and Sustainable Enterprises (EESE).
Later on, Nikica Kisinikova, who is an external associate of the ILO, presented the key findings from the comparative analysis of a favorable business climate for sustainable enterprises for the period 2013/2014 to 2019, where the five key areas were assessed, which are: enabling legal and regulatory environment, rule of law and secured property rights, access to financial conditions, loyal competition and entrepreneurial culture.
- Findings have shown that doing business in Macedonia is relatively easy, but the companies complain that the quality of the regulation.
- The country should strengthen the rule of law, which is related to transparency in policy-making, the effectiveness of the legal framework, law enforcement and the operation of the judicial system.
- The growth of companies is primarily based on self-financing of enterprises, with strong preference for financing the retained profit or with new, private or family capital.
- Banks are a key source of external financing. The main three obstacles to accessing loans are the following: high interest rates, banks do not want to take risks and banks require too many documents to approve a loan.
- Unequal treatment of companies and widespread gray economy have a detrimental effect on competitiveness.
Namely, the ILO is currently implementing the project “Strengthening Social Dialogue 2019 – 2021”, funded by the European Commission, with a component for a favorable business climate, as a contribution to strengthening the participation of the Economic and Social Council in creating an agenda for economic and social reforms.
At the end of the workshop, Severin Deborah and Julia Duchea expressed the conclusions for defining the scope and assessment related to (EESE), as well as negotiating new key priorities.