КСС ја продолжува едукацијата на своите членови од областа на Безбедноста и здравјето при работа како дел од проектот „Промовирање на дијалогот за подобрување на работните услови, безбедноста и здравјето при работа“
Во месец Март 2023, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС одржа три тренинг обуки како дел од проектот „Промовирање на дијалогот за подобрување на работните услови, безбедноста и здравјето при работа“.
Во рамките на претходните активности и спроведени анализи, кои што беа дел од овој проект, заклучивме дека нашите членови не се запознаени со одредени термини од Законот за безбедност и здравје и дека потребно е да се обучат за основните поими за да можат соодветно да дејствуваат, која што беше и целта на овие тренинг обуки.
Овие тренинг обуки, на кои што учествуваа учесници од Скопје, Битола и Охрид, беа насочени кон едуцирање на присутните за да можат да проценат кога работните услови не се согласно стандардите за безбедност и здравје при работа и како да потенцираат да им се обезбедат соодветни услови за работа, согласно важечките прописи.
Дел од темите кои што беа дел од оваа обука беа правата и обврските кои што ги имаат вработените, согласно позтивните законски прописи и колективните договори, посебно обврската за обезбедување на безбедни работни услови.
Присутните се запознаа со пединечни термини како: Штетности на работа, Ризик, Проценка на ризик, Опасност присутна на работа, Изјава и многу повеќе. Во рамките на овие тренинг работилници беше претставен и Синдикалниот совет за безбедност и здравје при работа при КСС како важно тело во исполнување за членовите на КСС.