1. Home
  2. Галерија
  3. КСС учествуваше во „Меѓународна конференција за регионална соработка за БЗР“ во Струга
viber_image_2020-09-30_11-03-47
120468111_3620881084598191_1444351874501365838_n
120417362_3620794327940200_134557132730591113_n
120503511_3620701887949444_7119734308632792805_n

КСС учествуваше во „Меѓународна конференција за регионална соработка за БЗР“ во Струга

0
197 ПРЕГЛЕДИ

„Меѓународна конференција за регионална соработка за БЗР“ во организација на Македонско здружение за заштита при работа МЗЗПР се одржа на 29.09.2020 и 30.09.2020 година во хотел „Изгрев“ Струга. На оваа конференција земаа учество стручни експерти од земјава и регионот.

Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија учествуваше во работните сесии, заеднички настап во медиумите како и во др. активности поврзани со организацијата на самиот настан.
Свое излагање имаше и претседателот на КСС, г-дин Благоја Ралповски како учесник на форумот со тема „Проблеми и предизвици во однос на безбедноста и здравјето при работа во услови на пандемија“. На овој форум беа поканети панелисти кои се претставници на синдикатите, организацијата на работодавачи, МТСП и Државен инспекторат за труд. Исто така КСС зема учество во делот на „Промовираме добра пракса и искуства од користење на грантова шема“.
Веруваме дека оваа меѓународна конференција ќе придонесе многу за активирање, подобрување и зајакнување на социјалниот дијалог во нашата земја и ќе ги подобри безбедноста, здравјето и општите услови на работниците па дури и во услови на пандемија.