КСС со учество на онлајн семинар на кој присуствуваше Еврокомесарот за труд и социјални права Николас Шмит
На ден 05.02.2021 година КСС учествуваше на онлјан семинар за Праведна минимална плата и колективно преговарање кој беше во организација на ЕТУК, буграскиот национален синдикат КНСБ и белгискиот национален синдикат CSC, a беше наменет за членките на Европската конфедерација на синдикати (ЕТУЦ) од Југоисточна Европа.
На семинарот се дискутираше за директивата на Европската Унија за адекватна минимална плата и колективно договарање која Европската комисија ја објави на 28 октомври 2020 година.
Еврокомесарот за труд и социјални права, Николас Шмит разговараше и се консултираше со синдикатите од регионот за влијанието и примената на Директивата за праведна минимална плата и колективно преговарање. Постоење на рамка за воспоставување на исти или слични критериуми за минимална плата е многу важно за сите работници во Европа, затоа што 7 од 10 работници кои работат за минимална плата се на работ на сиромаштија. Покачувањето на минималната плата треба да води кон покачување и на сите други плати, но исто така многу важен елемент е и намалувањето на разликата на платите за иста работа во Европа, односно претставува важен инструмент во борбата против социјалниот дампинг. Статистичките податоци покажуваат дека Македонија има најниска минимална плата во Европа.
КСС ја презентираше состојбата со минималната плата во Македонија, како и состојбата со колективното договарање. Истакна дека во Македонија нема официјални статистички податоци за вкупниот број на приматели на минимална плата од вкупниот број на вработени. Исто така нагласи дека за четиричлено семејство и двајца приматели на минимална плата не се доволни за покривање на потрошувачката кошничка.
Во однос на колективните договори оваа директива предлага доколку во земјите членки на ЕУ имаат покриеност помала од 70% со колективни договори да се изработуваат акциони планови за поттикнување на нивно склучување.
Што се однесува до работодавачите кои користат јавни средства, а ги ускратуваат правата на синдикално организирање или ги ускратуваат синдикалните права да немаат пристап до јавни средства.
КСС ја изрази и загриженоста за проблемот со неспроведувањето на колективните договори во пракса во нашата земја иако тие се многу важна алатка во многу земји со кои се утврдуваат платите на работниците, како и висината на минималната плата, каде што не е законски уредена.