1. Home
  2. Новости
  3. КСС предлага анти кризни мерки за борба против ковид -19

КСС предлага анти кризни мерки за борба против ковид -19

КСС предлага анти кризни мерки за борба против ковид -19
0
484 ПРЕГЛЕДИ

 

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС во период на вонредна состојба предизвикана од пандемија од корона вирусот, а во неможност својот став да го искаже легитимно на Економско Социјалниот Совет(ЕСС), затоа што реално не функционира, како општествено одговорна организација чувствува потреба и одговорност да предложи сет  на мерки и план за излез од кризата за стопирање на вирусот кој секојдневно се побрзо се шири и економски спас на стопанството кое е во екстремно тешка ситуација, и крајна цел спасување на работните места на работниците.

КСС е премногу загрижен од  рестриктивните мерки кои ги предлага една од партиите на власт (СДСМ)  како и предвидувањата на министерот за здравство Венко Филипче, дека пикот на епидемијата ќе биде кон средината на април со најмалку 2000 заразени лица. Знаејќи дека повеќе од 10 000 граѓани се во карантин или самоизаолација, што секако е загрижувачки за нормалниот животот на граѓаните,  јасно е  дека тоа ќе биде уште поголем удар врз стопанството.

Од тие причини,  КСС  упатува барање до одредени институции:

Банките итно да се произнесат за времетраењето на одложување на отплата на ратите од кредитите и да испратат пораки или електронски да ги известат  граѓаните. Ова го предлагаме затоа што почнува да се прави метеж пред експозитурите, пред се од работниците кои добија отказ.

Владата да се произнесе попрецизно и да донесе Уредба  за одложувањата на извршните решенија.

Владата да направи стратегија, изнајде решенија за надминување на оваа криза, каде што ќе има минимум губење на работни места, без  намалување на платите на вработените во јавниот сектор.

КСС бара од Владата како социјален партнер, да не носи избрзани чекори и уредби од сверата на социјално економскиот статус на работниците, без консултација со синдикатите.

КСС, разгледувајќи ги состојбите и изготвувајќи темелни анализи и претпоставки, предлага ефикасна мерка за ставање на епидемијата под контрола,  од причина што овие мерки очигледно не ги даваат посакуваните резултати и бројот на заразени луѓе од ден на ден се повеќе расте.

Заради тоа КСС предлага:

Прво, пред влезот во маркетите задолжтелно дезинфицирање на рацете, честа дезинфекција на подот и делење маски за влез во маркет, како и мерење телесна температура на сите.

Исто така предлагаме да се фаворизира On line продажбата, на сметка на традиционалното пазарење во маркетите. Доколку оваа мерка се примени, предлагаме трговските претпријатија за храна да работат во скратена една смена.

Имајќи предвид дека претпоставките се дека епдемијата ќе го доживее пикот на средината на април, а тогаш е и големиот христијански празник Велигден, постои опасност вирусот да не опфати во уште поголеми размери. Заради тоа, предлагаме од 04 Април до 20 Април да се прогласат за неработни денови, затоа што и во тој период има само 9 (девет) работни дена поради празникот Велигден (а севкупно се седумнаесет денови). Товарот за плата односно дневници за тие денови на работниците да го преземе 100% државата, освен моќните претпријатија и фирмите кои остваруваат и во вакви услови профит, со што ќе покажат солидарност и сами  ќе го понесат товарот за плати.

Со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 180 000 работници, кои се најзагрозени, што за 9 (девет) дена знаејќи го просекот на плати на тие што се сега загрозени не би ја чинела државата  повеќе од 20 милиони евра.

Во периодот од 4 Април до 20 Април полицискиот час би бил  многу порано и би траел многу повеќе.

Исто така предлагаме, во тој период да се направат дежурни тимови во администрацијата кои би работеле со скратено работно време, со цел да се реализираат само итни и неодложни предмети, секако битни за непречено функционирање на државните органи.

Максимална опременост со заштитни средства на сите изложени на ризик во овој период, пред се здравствените работници, полицијата, армијата, судската и затворската полиција, инспекторатите, царинарниците и сите останати во јавниот и приватниот сектор ( аптекари, трговци, дистрибутери…) кои се потребни за нормално функционирање на државата.

Полицијата во периодот од 4 Април до 20 Април строго да го контролира излезот и влезот во секој поголем град и по нивна процена и во населени места каде што ќе проценат ризик и жариште на корона вирусот.

Со овие мерки, сигурни сме,  ќе се спречи групирањето и масовното движење на граѓаните и ќе помогне на надлежните во релативно краток период  да ги лоцираат граѓаните кои се носители на вирусот, како и негово ширење. Во овој временски период, од 4 Април до 20 Април, со прогласување на неработни денови за сите (со исклучоци на клучни дејности) и максимално ограничување на движењето, во домашни услови би поминал периодот на инкубација на заразени лица, со помасовни тестирања би се детектирале, изолирале,  и би се спречило понатамошното ширење на вирусот.

Мерките кои сега се во сила, модифицирани да продолжат и по 20 Април, знаејќи дека во тој период има опасност од масовни собирања заради верски празници како што е почетокот на Рамазанските пости кои почнуваат на 24 Април како и прзникот 1 Мај.

Ваквите порестриктивни мерки секако ќе придонесат за многу побргу и поедноставно ставање под контрола на епидемијата, а со тоа и побрзо заздравување на стопанстовото, особено на оние гранки кои се најмногу погодени, како на пример такси превозниците, угостителите, занаетчиите, берберите и фризерите и.т.н.

Како второ, предлагаме Владата во тој период да направи задолжување и да започне со екстремно брзо темпо во реализација на веќе постоечките капитални проекти, но и да се направи план за отпочнување на нови проекти. Нашето убедување е дека во период на економска криза, еден од успешните начини за излегување од неа е инвестирање во капитални инвестиции, ангажирање на што повеќе работници и компании, давајќи приоритет на домашниот бизнис сектор.

Како трето, бараме да се отпочне и направи солидарен фонд на национално ниво за работниците кои го изгубија или ќе го изгубат работното место, со што би им се помогнало во преживување на оваа тешка година за сите нас.

КСС има морална обврска кон сите работници и граѓани на Македонија да даде свој придонес во надминување на кризата предизвикана од корона вирусот, особено од социјално економски аспект. Гранските синдикати во КСС особено се загрижени од најавите за намалување на платите во јавниот сектор, губењето на работните места во приватниот сектор, период на економска криза, инфлација и т.н..

Од тие причини, Извршниот одбор на КСС ги усвои овие предлог мерки кои ќе ги упати до Владата на Р. Македонија, со надеж дека сериозно ќе бидат разгледани и усвоени. Исто така, Извршниот одбор на КСС донесе Заклучок дека енергично ќе се спротивстави на идејата за намалување на платите во јавниот сектор, во висина на минималната плата од 14 500 денари. Упатуваме и апел до верските заедници да ги повикаат граѓаните да останат дома  во периодот на големите Христијански и Муслимански празници, со што сите заедно ќе допринесеме за стопирање на оваа пандемија.

На крај повикуваме на солидарност од стопанството кое располага со поголем капитал, од работниците кои имаат можност да ги користат слободните денови и одморите. Очекуваме од државата да направи максимални напори, прифати добронамерни сугестии и изнајде средства, како  би се пербродила оваа криза без намалување на плати и губење на работни места.

KSS proposes anti-crisis measures to combat Covid 19

KSS proposes anti-crisis measures to combat Covid 19
0
0 ПРЕГЛЕДИ

Confederation of Free Trade Unions of Macedonia – KSS in a state of emergency caused by a coronavirus pandemic is unable to express its position legitimately to the Economic and Social Council (ESC), because it does not function, as a socially responsible organization, it feels the need and responsibility to propose a set of measures and a plan to overcome the crisis, to stop the ever-spreading virus and the economic salvation of the economy in an extremely difficult situation, and the ultimate goal of rescuing the workplace of workers.

KSS is deeply concerned by the restrictive measures proposed by one of the ruling parties (SDSM) and Health Minister Venko Filipce’s prediction that the peak of the epidemic will be in mid-April with at least 2000 people infected. Knowing that more than 10,000 citizens are in quarantine or self-isolation, which is certainly worrying about the normal life of citizens, it is clear that this will be an even bigger blow to the economy.

For these reasons, KSS submits request to certain institutions:

Banks should respond urgently respond about the delay of payment of loan installments and send messages or inform the citizens electronically. We suggest this because there is a crowd in front of the bank offices, above all from the the workers who have been fired.

The Government to be more precise and adopt a Decree on delays in executive decisions by the executioners.

The government to make a strategy to find solutions to overcome this crisis, where there will be minimum job losses without reducing the salaries of public sector employees.

KSS urges the Government as a social partner not to take hasty steps and regulations in the field of workers’ socio-economic status without consulting the trade unions.

KSS, considering the situation and preparing thorough analyzes and assumptions, proposes an effective measure to bring the epidemic under control, as these measures obviously do not deliver the desired results and the number of infected people is increasing day by day.

Therefore KSS proposes:

First, on market entry compulsory hand disinfection, frequent floor disinfection and giving to the people masks on the market entry, as well as body temperature measurement.

We also propose to favor on-line sales instead of traditional market shopping. If this measure is applied, we suggest that food businesses operate on a shortened one shift.

Given that it is assumed that the epidemic will hit its peak in mid-April, and is then a Easter holiday, there is a danger that the virus will reach even greater scale. Therefore, we propose April 4 to April 20 to be declared for non-working days, as there are only 9 (nine) working days due to the Easter holiday (and in total, seventeen days). The payroll or wage for those days for the workers to  be payed 100% by the state, except for the powerful companies and firms that make profits under such conditions, which will show solidarity and carry the payroll itself.

This measure will cover about 180,000 workers who are most at risk, which in 9 (nine) days, knowing the average wage of those workers, would not cost the state more than 20 million euros.

In the period from April 4 to April 20, the curfew would be much earlier and would last much longer.

We also propose that in this period there should be part-time administration teams that would work part-time in order to carry out only urgent matters, of course important for the smooth functioning of public authorities.

Maximum safety equipment to all those who are at risk during this period, primarily health workers, police, army, judicial and prison police, inspectorates, customs offices and all others in the public and private sectors (pharmacists, traders, distributors …) who are needed for the normal functioning of the state.

From April 4 to April 20 police to strictly control the exit and entrance to each major city and according to their assessment and in populated areas where they will assess the risk and hot spot of the coronavirus.

With these measures, we are sure, will prevent the grouping and mass movement of citizens and will help authorities in a relatively short period of time to locate the citizens who are the carriers of the virus and its spread. In this time period, from April 4 to April 20, with the proclamation of non-working days for all (with the exception of key sectors) and maximum movement restriction, and with mass testing people will be detected and isolated, and it will lead to prevention of further spread of the virus.

The measures which are now in force, modified to extend beyond April 20, knowing that there is a danger of mass gatherings for religious holidays such as the start of Ramadan fasts beginning April 24th  and the May 1st  holiday.

Such more restrictive measures will certainly contribute to a much faster and simpler control of the epidemic, and thus to a faster recovery of the economy, especially to those sectors most affected, such as taxi carriers, caterers, craftsmen, barbers and hairdressers and others.

Secondly, we propose that the Government to make a borrowings in the proposed period and start at an extremely fast pace the realization of the existing capital projects, as well as a plan for launching new projects. We are convinced that in a time of economic crisis, one of the successful ways to го out of it is to invest in capital investments, engaging as many workers and companies as possible, prioritizing the domestic business sector.

Thirdly, we seek launching a national solidarity fund for workers who have lost or will lose their jobs, helping them survive this difficult year for all of us.

KSS has a moral obligation to all workers and citizens of Macedonia to contribute to overcoming the crisis caused by the coronavirus, especially from a social and economic point of view. Branch trade unions of KSS are particularly concerned about the announcements about pay cuts in public sector, private sector job losses, periods of economic crisis, inflation, etc.

For these reasons, KSS’s Executive Board adopted these proposed measures and referred them to the Government of the Republic of Macedonia hoping that it will be seriously considered and adopted. KSS’s Executive Board also concluded that it would vigorously oppose the idea of reducing public sector wages to the minimum wage of 14 500 denars. We also appeal to the religious communities to urge the citizens to stay home during the great Christian and Muslim holidays, and we will all contribute to stopping this pandemic.

Finally, we call for solidarity from the economy, from the employers which has more capital than workers, who have the opportunity to take advantage of the days off and holidays. We expect the state to make every effort, to accept well-intentioned suggestions and find the means to overcome this crisis without reducing wages and losing jobs.