1. Home
  2. Новости
  3. КСС оствари средба со специјалниот советник на Генералниот секретар на Светската конфедерација на синдикати (ИТУК), г-динот Јап Винен

КСС оствари средба со специјалниот советник на Генералниот секретар на Светската конфедерација на синдикати (ИТУК), г-динот Јап Винен

КСС оствари средба со специјалниот советник на Генералниот секретар на Светската конфедерација на синдикати (ИТУК), г-динот Јап Винен
0
821 ПРЕГЛЕДИ

На ден 21.11.2019 година во просторииите на КСС членови на Извршниот одбор на КСС одржаа средба со специјалниот советник на Генералниот секретар на Светската конфедерација на синдикати (ИТУК), г-динот Јап Винен.

Досега КСС има остварено повеќе средби со високи претставници од Светската конфедерација на синдикати (ИТУК), во која што сме и полноправни членки, кои се потполно запознаени со состојбите со синдикалното организирање  и синдикалното делување во Македонија,  со кршење на законите, непочитување на колективните договори, загрозување и директно мешање во синдикалното организирање, како и со кримналните дејствија нанесени врз синдикатот во организација на високи претставници од Владата, за кои се водат судски постапки и за кои добиваме позитвни судски пресуди.

Средбата со г-динот Винен беше од големо заначење бидејќи се разговараше подетално за недозволивите состојби во областа на синдикалното движење во Македонија, а исто така и за понатамошните чекори кои заеднички треба да ги преземеме со цел да се прекине овој несоцијален и недемократски начин на кој делува Владата кон синдикатите, односно кон КСС.

Специјалниот советник г-динот Винен ќе побара специјална мисија, во организација на Светската и Европската конфедерација на синдикати заедно со Меѓународната организација на трудот за состојбата со синдикатот во Македонија, бидејќи беше донесен заклучок дека во оваа држава таква специјална мисија е навистина неопходна.

Исто така имавме и плодна дискусија околу економскиот и стопанскиот развој во Македонија, околу законот за работни односи за кој се согласивме дека е по европски терк, но и за останатите закони кои се однесуваат на работниците.