09.10.2017
Денес во просториите на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) се одржа состанок со претставници од Меѓународната организација на трудот, со г-динот Магнус Берге, специјалист за активности на работниците во канцеларијата на Меѓународната организација на трудот за централна и источна Европа и г-динот Емил Крстановски, национален координатор на МОТ.
На состанокот се дискутираше за состојбите во синдикалното движење во Р.Македонија, а особено за ситуацијата на нефункционирање на социјалниот дијалог и партнерство во Р. Македонија, односно нефункционирањето на трипартитното тело, Економско – социјалниот совет и начинот на кој тоа тело функционира надвор од законските норми и интерни акти по кое е основано.
Покрај тоа што беше истакнато нефункционирањето на социјалниот дијалог на национално ниво исто така беа истакнати и проблемите на нефункционирање на социјалниот дијалог и со некои од ресорните министерства како и бипартитниот дијалог на ниво на фирма. Се дикутираше и за состојбите на ниво на компанија, каде синдикалните претставници и членството се соочуваат со притисоци и мобинг на работните места.
Се истакна и големата загриженост за кршењето на законските и подзаконските акти од страна на Министерот за труд и социјална политика, како и Деловникот за работа на ЕСС, Спогодбата за основање на ЕСС, како и меѓународните конвенции и прекршувањето на процедурите за усвојување на предлози и заклучоци за законските измени кои се однесуваат на работниците, а кои надвор од сите процедури се доставуваат на усвојување на седници на Собрание на Р.Македонија.
Претставникот од МОТ ги охрабрува нашите напори за функционирање на социјалниот дијалог кој што сега е нарушен и почитување на Законите. Се она што се дискутираше на состанокот ќе биде сублимирано во извештај кој ќе биде доставен на повисоки инстанци.
KSS had meeting with the representatives from ILO
09.10.2017
Today in the offices of the Confederation of Free Trade Unions of Macedonia there was held meeting between representatives from KSS and ILO with Mr. Magnus Berge specialist for workers’ activities at the office of the International Labor Organization for Central and Eastern Europe, and Ms. Emil Krstanovski, national coordinator of ILO.
On the meeting was discussed the situation in the trade union movement in the Republic of Macedonia, and in particular the situation of non-functioning of the social dialogue and partnership in the Republic of Macedonia, actually non-functioning of the tripartite body, the Economic and Social Council and the way it operates outside the legal norms and internal acts for its establishment.
Besides it was highlighted the non-functioning functioning of the social dialogue at national level, the issues of improper functioning of the social dialogue is evident and in some of the relevant ministries as well as the bipartite dialogue at the company level. There were also discussions about the situation at the company level, where trade union representatives and membership are facing pressures and mobbing in the workplace.
The great concern was also expressed about the violation of the laws and bylaws by the Minister of Labor and Social Policy, as well as the ESC’s Rules of Procedure, the Agreement on the Establishment of the ESC, also the international conventions and violations of the procedures for adopting proposals and conclusions about the law changes that apply to the workers, and which, out of all procedures, are submitted for adoption of the sessions of the Assembly of the Republic of Macedonia.
The ILO representative encourages our struggles for functioning the social dialogue that is now disturbed and asking for respecting the laws.What was discussed at the meeting will be summarized in a report that will be submitted to higher instances.