Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС) денес одржа презентација на синдикатот пред вработени во текстилна компанија.
Презентацијата имаше за цел да ги запознае вработените во текстилната компанија за тоа што е синдикат, која е неговата улога и кои се бенефитите кои членовите ги добиваат со членување во синдикат.
Исто така беше објаснета и целата постапка за формирање на синдикална организација, грански синдикат и начинот на пристапување на гранските синдикати на повисоко ниво.
Вработените во компанијата покажаа интерес и имаа доста прашања кои се однесуваат на правата од работен однос, а додека атмосферата во компанијата беше позитивна и немаше никакви пречки за организирање на средбата на работниците со синдикатот.
Поврзани новости:
- Националната кампања „365 работнички права за младите!“
- Конференција на тема: Индустриските односи во Европа: Поттикнување на еднаквоста при работа и конвергенцијата во најразлични земји
- КСС порачува да се почитуваат мерките и препораките за заштита на работниците за време на топлотен бран
- Изгубена е контролата за извршување на инспекциски надзор