КСС го одбележи 8 март под мотото „Не сакаме цвеќе, сакаме поголеми права“
КСС го одбележа 8ми март под мотото „Не сакаме цвеќе, сакаме поголеми права“
По повод 8 март – Меѓународниот ден на жената, женската секција при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, одржа настан под мотото „Не сакаме цвеќе, сакаме поголеми права“, во Жена парк – Борец, каде што се делеше и печатен материјал, чија главна порака беше продолжувањето на породилното отсуство во времетраење од 12 месеци, за жените – мајки да можат целосно да се посветат на новороденчињата. На настанот присуствуваше и Генералниот Секретар на СОНК, Весна Неделковска, како и жени-членови на синдикатите при КСС.
Претставничката од женската секција при КСС, Ана Јанкулоска рече дека овој настан се одбележува најмногу за да се подигне свеста кај жените за нивните права.
„Женската секција на Конфедерацијата на слободни синдикати е тука во Жена парк- Борец, за да го одбележи меѓународниот ден на жената – 8-ми март. Ние како синдикат должни сме да потсетиме за правата на жената, кои произлегуваат од работниот однос. Сметаме дека 8-ми март има многу поголемо суштинско значење од начинот на кој се одбележува низ нашата земја, па затоа нашето мото е: „Не сакаме цвеќе, сакаме поголеми права“. Ние ќе се залагаме за жените работнички и за укинување на секаков вид на дискриминација“, рече Јанкулоска.
Генералниот Секретар на СОНК, којшто е гранков синдикат на КСС, Весна Неделковска рече дека во последните две години, преку разни облици на средби со жените работнички, оваа секција активно работи во две насоки. Првата насока на која работи е подигнување на свеста на жените за веќе утврдените права според Законот за работни односи, посебните закони на дејностите, потпишаните колективни договори, безбедност и здравје при работа, социјална заштита… И втората насока е во однос на подобрувањето и обезбедувањето на повисоки права од правата регулирани во законите. Таа додаде и дека се продолжува со активностите за зголемување на породилното отсуство и побројно користење на истото од страна на мажите, коешто е утврдено со закон.
Секцијата за жени при КСС, освен тоа што работи во рамките на Македонија, со жените работнички, со свои претставници учествува и во работата на вакви или слични секции, на европско и светско ниво.
“We don’t want flowers, we want bigger rights” – KSS celebrated International Women’s day!
KSS held a event on 8-th of March under the motto “We don’t want flowers, we want more rights”
On the occasion of March 8 – International Women’s Day, the women’s section of the Confederation of Free Trade Unions of Macedonia held an event under the motto “We Do not Want Flowers, We Want More Rights”, in Park Zena-Borec, where printed materials were distributed, which spread the message of continuation of the maternal leave in a period of 12 months, so the women – mothers can fully devote to their newborns. The General Secretary of the Autonomous trade union for education, science and culture – SONK, Vesna Nedelkovska and women from the branch trade unions from KSS, participated on the event.
The representative from the women’s section of KSS, Ana Jankuloska said that this event serves mostly for raising women’s awareness for their rights.
“The women’s section of the Confederation of free trade unions is here in Woman park- Borec, to mark the International women’s day – 8 of March. We like a trade union, have a responsibility to remind women for their rights, which arise from the working relations. We consider that 8 of March has a more deeper meaning from the way that is celebrated in our country, and because of that our motto is: We Do not Want Flowers, We Want More Rights”. We will keep working on enhancing women’s right and on stopping the discrimination of women”
The General Secretary of SONK, which is a branch trade union of KSS, Vesna Nedelkovska said that in the last two years, through different types of meetings whit women – workers, this section actively works on two aspects. The first aspect is raising the awareness of women for the already established rights according to the Law for working relations, the particular laws of the occupations, the signed collective agreements, safety and health in the working place, social protection… The second aspect is about upgrading and securing higher rights from the ones regulated in the laws. Also, she added that the trade unions continue whit the activities for the continuation of the maternal leave and for men to use the right of the maternal leav, which is established in the laws.
The women’s section of KSS, not only works on the territory of Macedonia, but with their representatives, the participate in similar section on European and world level.