1. Home
  2. Новости
  3. КСС ГИ ОБУЧУВА СВОИТЕ ЧЛЕНОВИ за примена на мерките и протоколите за заштита од Ковид – 19

КСС ГИ ОБУЧУВА СВОИТЕ ЧЛЕНОВИ за примена на мерките и протоколите за заштита од Ковид – 19

КСС ГИ ОБУЧУВА СВОИТЕ ЧЛЕНОВИ за примена на мерките и протоколите за заштита од Ковид – 19
0
497 ПРЕГЛЕДИ

„Примена на мерките и протоколите во ек на пандемија за заштита од Ковид – 19“ беше насловот на денешниот вебинар кој се одржа во живо преку интернет платформата „ZOOM“, на кој учествуваа повеќе од 60 учесници, меѓу кои синдикални претставници од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, здравствени работници и просветни работници.

Прв се обрати Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати – КСС, Благоја Ралповски кој укажа на тоа дека потребно е да се почитуваат мерките за заштита од корона вирусот, притоа наведе колку од суштинско значење во услови на криза е работата на здравствените работници коишто се најмногу изложени на корона вирусот. Тој посочи дека освен за здравствените работници, Ковид – 19 треба да се смета за професионално заболување и кај другите работници, бидејќи и тие се заболуваат на работните места од овој вирус. Тој истакна дека препораките од иницијативата која КСС заедно со МЗЗПР ја испрати до надлежните институции, не се имплементирале навремено, туку кога веќе станало доцна и кога не можат да дадат резултати.

Вебинарот започна со осврт на Уредбите, одлуките, протоколите и мерките на Владата од 10.03.2020 год., па се до денес, поврзани со Безбедност и здравје при работа и синдикалните претставници во примената на препораките и мерките за справување со Ковид – 19.

Потоа, предавачите на вебинарот, м-р Милан Петковски (Претседател на Македонското здружение за заштита при работа) и м-р Снежана Јанкова Петковска се осврнаа на улогата на стручното лице за безбедност и здравје при работа, на претставниците на работниците за БЗР и синдикалните претставници во примената на препораките и мерките за заштита од Ковид – 19. Тука стана збор и за Законот за безбедност и заштита при работа, од каде предавачите ги издвоија оние одредби во кои се работи за заштита  при работа.

Се направи и осврт на мерките за заштита при работа во присуство на корона вирусот, преку анализирање на мерките коишто се донесени од страна на Владата и кои треба да ги почитуваат работниците и работодавачите.

Се зборуваше и за враќањето на работа и работата од дома, притоа се стави акцент на тоа како треба да се заштитат вработените на нивните работни места и со тоа воедно да го намалат ризикот од заболување од Ковид – 19.

На крајот од вебинарот, предавачите се осврнаа на запознавањето со сетот на иницијативи и препораки кои беа изготвени и доставени до релевантните институции од страна на КСС и МЗЗПР.

Овој семинар е во организација на КСС а истиот беше овозможен од „Зајакнување на социјалниот дијалог“, проект што го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.