Конференција на тема ,,Ефектите од покачувањето на минималната плата врз останатите плати”
На 25.02.2022г. во х.Солун во Скопје КСС организираше Конференција на тема ,,Ефектите од покачувањето на минималната плата врз останатите плати” се со цел да се претстават
ефектите од зголемувањето на минималната плата врз останатите плати и да се истакне
важноста на спроведувањето и почитувањето на колективните договори.
На Конференцијата свое обраќање имаше Претседателот на КСС, Благоја Ралповски кој ја претстави методологијата и хронологијата на покачувањето на минималната плата и нејзиното влијание врз платите на административните службеници, каде беше претставено незаконското исплаќање на плата пониска од минималната плата на одредени категории на административни службеници.
Конференцијата имаше меѓународен карактер и свое обраќање имаа експерти од Меѓународната организација на трудот (ILO), и Светската конфедерација на синдикати (ITUC), како и претставници од Пан-европскиот регионален совет (PERC) и Европската конфедерација на синдикати (ETUC).
Евелин Астор, економски експерт од (ITUC) ја претстави регионалната и глобалната слика на ниски плати и плати кои стагнираат.
Магнус Берге, специјалист за работнички организации од Меѓународната организација на трудот се осврна на Конвенцијата 131 за одредување на минимална плата, ратификувана во 1991г. во Македонија и истакна дека висината на минималната плата ја одредуваат владата и социјалните партнери, а висината на минималната плата треба да ги покрие основните потреби за живот на едно семејство. Исто така истакна дека непочитувањето на колективните договори, неисплаќањето на соодветни плати според квалификации и работни позиции се смета за КРАЖБА НА ПЛАТА, што во многу земји е многу поголемо отколку крадењето на улица???
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков истакна дека со покачувањето на минималната плата се содаде хаос во системот на плати и мора да се направи усогласување на останатите плати според колективните договори, затоа што со покачувањето на минималната плата одреден број на работни позиции, што имаат различен коефициент на сложеност, квалификации, се изедначуваат со платите.
Стојан Трајанов, експерт од трудовата област истакна дека ненавременото ревидирање на колективните договори доведува до нејасни моменти, мора да има тековно следење на колективните договори. Повеќе акцент да се стави на системот на плати и социјалниот дијалог.
Емил Крстановски исткна дека според статистиките 10 % од работниците живеат под прагот на сиромаштија, а половина од работниците земаат плата под 21000 денари. Најголем дел од економијата е трудоинтензивна и не се создаваат производи со голема додадена вредност. Синдикатите треба да имаат можност да учествуваат во креирањето на политиките, да инвестираат во своите ресурси и капацитети за да влијаат во креирањето политики.
Зголемувањето на минималаната плата придонесе кон подигнување на животниот стандард. Забелешките поради комплексноста на минималната плата, сет на мерки кои ќе таргетираат различини проблеми кои и ги имаат идентификувано. Пр. се дозволува исплата на плата под 1 денар. Начините на исплаќање на минималната плата е основниот износ кој работникот треба да го добие и над неа се додаваат додатоците кои работникот треба да ги добие по разни основи. Мора да се испрати порака дека колективниот договор мора да се почитува затоа што е со сила на закон.
Конференцијата е оддржана во рамките на проектот