1. Home
  2. Новости
  3. Компаративна анализа за вработените во јавниот сектор

Компаративна анализа за вработените во јавниот сектор

Компаративна анализа за вработените во јавниот сектор
0
457 ПРЕГЛЕДИ

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) со поддршка од ITUC/PERC и Union to Union, започнувајќи од мај 2022 година работеше на детална анализа во јавниот сектор во насока на неговите карактеристики како и синдикалното организаирање со цел подобрување на вештините на синдикалните претставници.

За време на овој период се спроведоа интервјуа и прашалници во јавниот сектор каде што побаравме податоци за: бројот на вработени во институции/општини/претпријатија формирани од општините/образовни институции; колку од вработените се вработени на определено, а колку на неопределено време; колку од вработените на определено време се членови на синдикат; колку од вработените се вработени со договор за дело, а колку преку Агенција за привремени вработувања; дали има синдикат во институции/општини/претпријатија формирани од општините/образовни институции; кој  е степенот на образование на вработените во институции/општини/претпријатија формирани од општините/образовни институции.

По завршување на истражувањето и сумирањето на резултатите, КСС организираше две тркалезни маси каде што се презентираа добиените резултати и се разви плодна дискусија.

Првата тркалезна маса се одржи на 21.10.2022 каде што се презентираше статистиката за бројот на вработени во секоја институции/општини/претпријатија формирани од општините/образовни институции; бројот на вработени на определено време/неопределено време; број на вработени со договор на дело/вработени преку агенција за привремени вработувања; степенот на образование на вработените. Присутните беа изненадени од презентираните резултати а како заклучок на средбата беше дека во нашата земја има три сектори кои се ранливи со оглед на вкупните бројки а тоа се: здравство, образование и информатички сектор.  Тие воедно заклучија дека потребно е да се направат целосно нови функционални анализи во однос на ова прашање.

 

Втората тркалезна маса се одржа на 27.10.2022 каде што освен претходно презентираните добиени резултати се презентираше и статистиката на синдикалното учество на вработените. Освен статистиката од нашето истражување се презентираше и анализата по тромесечија во периодот 2020-2021 на Државниот завод за статистика за Активно население во Република Северна Македонијаи резлутатите од Анкетата за работна сила. Каде што мора да напоменеме дека сите присутни беа вчудоневидени од презентираните резултати и од тоа дека резултатите од нашето истражување не се совпаѓаат со тоа на Државниот завод за статистика. Главен заклучок од развиената дебата е тоа дек е застрашувачки податокот дека бројот на активно вработени е намален како и тоа дека има пад на вработувањето но и дефицит на кадри.

 

 

По усшешно одржување на двете тркалезни маси и завршување на истражувањето организиравме финалана конференција, која се одржа на 28.11.2022. На присутнтие им се презентираше целокупното истражување. Односно дека за потребите на истото од сите исконтактирани институции имаме добиено податоци од: 40 општини, 49 јавни претпријатија, 25 судови, 15 јавни обвинителства, 39 институции, 75 јавни претпријатија, 60 јавни установи од типот образование, односно вкупно 289 институции.

За време на финалната конференција се разви опширна дебата помеѓу присутните, каде што едни од главните забелшки беа дека се потребни реформи во јавната администрација но и дека е потребно систематско решание и измена. Потоа присутните предложија дека потребно е да се стави мораториум на вработување за неколку години бидејќи има превработеност во јавната администрација.

За крај присутните заклучија дека вакви анализи се потребни да се направат што почесто и што почесто да се реалзираат вакви дебати кои ќе бидат солидна основа за следните активности и делување на КСС.