“Does the youth working rights are respected?”
Within the framework of the National Campaign “365 Workers’ Rights for Youth” implemented by the Coalition SEGA through the Youth Information Centers in Prilep and Kavadarci in cooperation with the Confederation of Free Trade Unions of Macedonia, Fakulteti.mk and the Agency for Youth and Sport of the Republic of Macedonia. There was held Panel Discussion on the topic “Does the youth working rights are respected?”
Representatives from institutions, NGO, business sector, trade union and the international labor organization debated on the topic of respecting the working rights for young people and how young people are ready to report irregularities.
On the panel discussion were also presented the results of the survey “How the young people know their rights”, where even 75% of the respondents consider that the legislation is only on paper and is in the interest only of the employers. This is confirmed by the fact that 57% of employees do not dare to report violations of their labor rights for fear of losing their jobs.
“The working rights of young people are not respected. For this reason, we have been committed to implement the 365 work rights campaign for youth in partnership with the NGO sector and with the institutions. We invite the young people to be more actively involved in trade unions in order to be more informed and to have guarantee of their labor rights “- said Blagoja Ralpovski, president of KSS.
Panelists at the event were Mr. Alajdin Havziu, Director of the State Labor Inspectorate; Ms. Aleksandra Dichevska, representative of the Agency for Youth and Sport; Mr. Blagoja Ralpovski President of the Confederation of Free Trade Unions of Macedonia; Mr. Emil Krstanovski, National Coordinator of the International Labor Organization in Macedonia; Ms. Aneta Basnarkov, Lawer; Mr. Marjan Aleksovski, Director of Fakulteti.mk
From January 1, 2018, the Coalition of youth organizations SEGA, through the Youth Information Centers INFO SEGA from Prilep and Kavadarci, and in cooperation with Fakulteti.mk and the Confederation of Free Trade Unions of Macedonia, launched the National campaign “365 workers’ rights for youth”. The aim of the campaign is to raise the awareness among young people about their labor rights which are guaranteed in accordance with the Labor Law.
Во рамките на Националната кампања „365 Работнички Права за Младите“ која ја спроведуваат Коалиција СЕГА преку Младинските Информативни центри во Прилеп и Кавадарци во соработка со Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, Факултети.мк и Агенција за млади и спорт на Р. Македонија, беше одржана Панел дискусија на тема „Колку се почитуваат работничките права на младите во Р. Македонија?“
Претставници од институции, невладин сектор, бизнис секторот, синдикатот и меѓународната организација на трудот дебатираа на тема за тоа колку се почитуваат работничките права за млади и колку младите луѓе се спремни да пријавата неправилности.
На панел дискусијата беа презентирани и резултатите од анкетата ,,Колку младите ги познаваат своите права“ при што дури 75% од испитаниците сметаат дека законската регулатива е само на хартија и е во интерес само на работодавачите. Ова го потврдува и фактот што дури 57% од вработените не се осмелуваат да го пријават прекршувањето на нивните работнички права од страв дека ќе го изгубат работното место.
„Правата на младите се кршат фрапантно.Од таа причина се залагавме за спроведување на кампањата 365 работнички права за млади во партнерство со невладиниот сектор и со институциите. Ги покануваме младите поактивно да се вклучуваат во синдикатите со цел поголемо информирање и гарантирање на нивните работнички права“- изјави г-дин Благоја Ралповски, претседател на КСС.
Панелисти на настанот беаг-дин Аљајдин Хавзиу, Директор на Државен инспекторат за труд; г-ѓа Александра Дичевска, претставник на Агенција за млади и спорт; г-дин Благоја Ралповски Претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија; г-дин Емил Крстановски, Национален Координатор на Меѓународна организација на труд во Македонија; г-ѓа Анета Баснарков, Адвокат; г-дин Марјан Алексовски, Директор на Факултети.мк.
Од 01 јануари 2018 година, Коалиција на младински организации СЕГА, преку Младинските Информативни Центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци, и во соработка со Факултети.мк и Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија ја отпочнаа Националната кампања „365 работнички права за младите“. Целта на кампањата е да се подигне свеста кај младите за нивните работнички права кои им се загарантирани во согласност со Законот за работни односи.