Интернационална обука како дел од проектот „Поддршка на Секторот за јавни услуги за воспоставување и промовирање (EWCs)“
Во периодот 19.09.2023-20.09.2023 учесници од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС учествуваа на интернационална обука како дел од проектот „Поддршка на Секторот за јавни услуги за воспоставување и промовирање (EWCs) – Supporting the Public Services Sector for Establishing and Promoting (EWCs)“
Проектот е развиен за да го реши прашањето за незадоволителниот број на EWC (Европски работнички совети) основани во секторот на јавните услуги од стапувањето во сила и транспонирањето од страна на земјите-членки на RECAST EWC директивата. Исто така, проектот има за цел да се справи со недостатоците во постоечките практики на EWC и да развие одржлива соработка помеѓу социјалните партнери. Воедно проектот има за цел да ја подигне свеста на работниците и претставниците на работодавачите за придобивките од формирањето на EWC. Додека главната цел на проектот е да се зајакнат партиципативните процедури кај вработените во јавните услуги за развој на вистинска вклученост на вработените, особено за воспоставување нови EWC и подобрена ефективност на работата на постоечките EWC во секторот за јавни услуги. Носител на проектот е FAB од Шпанија, додека покрај КСС партнери се и CSIT Unión Profesional од Шпанија, FAST од Италија и GSUPOIP NEZAVISNOST од Србија а истиот е кофинасиран од Европската Унија.
Како дел од спроведените активности од овој проект до сега се: направено истражување, спроведено во неколку фази и тоа анализа преку прашалници, интервјуа, студии и дискусии со експерти кое резултираше со изготвување на Национален извештај за секоја земја учесник.
Главна дискусија за време на обуката беше тоа што од причина што директивата 2009/38 се однесува пред се на компании кои доаѓаат од земјите кои што не се дел од Европската Унија, а имаат кандидатски статус потребно е да се воспостави систем на размена на информации помеѓу синдикатите и јавниот сектор на различните земји членки или кандидати на ЕУ кој што ќе се нарекува транснационален информациски систем во јавниот сектор. Овој систем ќе овозможи низа продобивки за сите земји без ралика дали се членки или имаат кадидатски статус со тоа што на тој начин ќе се интегрираат сите во системот. Воедно ќе се посвети внимание на правната регулатива која се однесува на безбедноста и здравјето при работа на работниците.
За време на интернационалната обука се потпишаа два документи за продолжување на соработката и се изготви стратегија која ќе придонесе и овозможи понатамошно воспоставување на посакуваниот систем, кои потоа ќе бидат доставени до Европската комисија на разгледување и одобрување.